кафе
  
    
    
  
  
      
          
             мн. кафиња
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, среден род
    
    
	    
	      Ранг: 668
	    
	
    
    
      
          1.
          (само едн.) Растение во вид на грмушка што дава зрнест плод.
        
         
          
		  
		  
          2.
          Напивка направена од пржени и смелени зрна на ова растение.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го пиеше кафето и молчеше.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: пијалак (м.)
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Бело кафе - кафе помешано со млеко.
          
      
        
          
            Турско кафе - ситно смелено кафе сварено во ѓезве.
          
      
        
          
            Нес-кафе - трговска марка на кафе што се раствора со вода, млеко.
          
      
        
          
            Гледа на кафе - го гледа минатото и иднината во фигурите што се образуваат по страните на филџанот, по испивање на турско кафе.