крупен (прид.)
Но, прво, крупните германски банки се скараа меѓу себе околу поделбата на пленот, и „Дисконтното друштво“ ги разобличи еготистичните интереси на „Германската банка“; второ, владата се исплаши од борбата против Рокфелер, зашто беше многу сомнително дали Германија ќе може без него да добие достатно петролеј (производството на Романија е мало); трето, во тоа време требаше да се вотира милијардски кредит за 1913 година наменет за воените подготовки на Германија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Всушност, тоа се истите оние жалби на ситниот капитал поради угнетувањето од страна на крупниот, само што овде во редот на „ситните“ западнал цел синдикат!
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
За да се увериме колку е природна таквата претпоставка, доволно е да се сетиме дека веќе при основањето на друштвото на градската електрична железница таму беа замешани и интересите на онаа крупна банка која го поттикнуваше неговото основање.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
АРСО: Не, риби фаќам. Фрлам мрежа, па ситните ги враќам, крупни сакам...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
1. суша Шарите на желкината кора на земјата немо лежат во грмушките на сонот а под спарушените и глуви усни на мостовите времето носи на грб мали куќи од мов па ги рони за да ги изгради пак на своите крупни рамена без одмор времето се носи себеси
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И долго, долго да нѐ чека крупното буре на ноќта остриот млаз на денот да го пробие да бликне еден бел пат широк пат што ќе го однесе од тука.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
4. будење Тогај се ведрам полека смеј се напоено време по тебе место мов израстуваат огромни мостови што укротени води ги враќаат во своите токови Оваа населба од сон заборави на лазење штом себеси и неа ја крена на крупните рамена свои
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Таа ноќ кон Битола се приближуваше крупна, црна сенка.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Уште снежеше. Крупни снегулки во роеви се спуштаа од облаците и леко, леко се пластеа на земјата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Дедо Стамен гледа низ замаглениот прозорец и им се радува на крупните снегулки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Денко застана за миг. Во папратот крај патот забележа крупни црвени јаготки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И стоеше потоа така, загледан во темнината низ која се роеја безбројните крупни снегулки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Поубави јаготки не ќе најдете никаде. Најкрупни, најслатки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Трајко беше обдарен со снага. Крупен, висок и развиен.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие уште повеќе се зачудија кога од колата изнесоа во корпа, наредена со тантели и панделки, крупна бела мачка.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Крупните дождовни капки што ѕвонат во есенската ноќ капавицата ја будат низ олукот плискаат истечуваат со големите води.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Над дваесетина крупни индустриски претпријатија - тоа е економската основа на Варна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Затоа, велат, во Штутгард и нема многу претставници на крупната германска индустрија...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А под карпата тесна дупка во која, при првото нурнување напипав опашки на крупни риби. Аха, ве најдов!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)