намали (св.)
Годините не ја намалиле онаа убост; на лице свежест се гледа, младешката сочност не ја беше сменила грубост.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И тие што се од последните, не се да го чуваат и да го подигаат значењето на Бугарија, а да го намалуваат и да го исмејуваат, и себеси и својата држава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во 1889 година бројот на стипендијантите на тоа друштво се зголеми, за да се намали по неколку месеци: во ноември месец на таа година околу 40 души ученици Македонци едни тајно, други јавно и демонстративно, поминаа од Белград во Софија за таму да учат (се разбира, со бугарски пари).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сѐ додека капитализмот останува капитализам, одвишокот на капитал не се употребува за подигање на животниот стандард на масите во дадена земја, зашто тоа би ги намалило профитите на капиталистите, туку за подигање на профитите по пат на извоз на капиталот во странство, во заостанатите земји.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Се разбира, можноста да се намалат трошоците на производството и да се зголеми профитот по пат на воведување технички подобрувања дејствува во корист на промените.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Одземајќи ги, приближно, повторувањата, тој ја намалува таа сума на 575-600 милијарди.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Антица ги затвора прозорците, ги спушта завесите и го намалува светлото до минимум.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Нов резок пискот на локомотивата ја процепи ноќната тишина и ... бегалците со радост усетија дека возот ја намалува брзината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Маките ме намалија, не ми дадоа да пораснам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нарача уште еден ликер и се намали.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не ми беше познато како ја пренесол тој мојата прикаска но разбрав дека шегата му го намалила угледот во семејството и му донесла и модрица под ребрата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се припи во него, се намали.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јак блесок ги оддалечи, ги намали, ги сокри од него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од тој ден човекот се исуши, се намали, во ќесе за тутун да го собереш.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Пред тој да дојде - ме уби веста за мојата смрт?“ Не знаеја дека е буден и се збунија, покајнички и смерно, како пред семожен исповедник, намалувајќи се, обајцата до тој миг занесени само со една слатка и којзнае од кога недоживеана љубовна игра.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога завршив настапи мачително молчење. Старецот го намали одот. Застана.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Изморен и тој намали, подзапре со работата. Погледна во Трајана.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И мислеше дека може да ја намали уште повеќе, до своите коленици.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И таа, што едвај го надраснуваше неговиот појас, се намалуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Чувствувајќи го до себеси својот војвода, востаниците отстојуваа до последен здив и се биеја до последен куршум. Но куршумите намалуваа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)