одделен (прид.)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тука имаме многу високи планини што имаат разен правец и образуваат котлини, одделени една од друга.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да ги споредиме овие два процеса. Едни историчари и филолози тврдат оти јужните Словени уште до доаѓањето на Балканскиот Полуостров се разликувале помеѓу себе, т.е. составувале два одделни народа: Словени /Бугари и Словенци/ и Србо-Хрвати. Така тврдеа Копитар 129, Миклошич 130 и Шафарик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Најголем успех постига не трговецот кој врз основа на своето техничко и трговско искуство најдобро ги разбира потребите на купувачите, кој умее да го најде и, така да се каже, да го
„открие“ бараното, што се наоѓа сѐ уште во скриена состојба, туку шпекулативниот гениј (?!), кој умее однапред да пресмета или барем однапред да го почувствува организациониот развиток, можноста за извесни врски помеѓу одделните претпријатија и банките…“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Би било погрешно да се мисли дека таа тенденција кон гниење го исклучува брзиот пораст на капитализмот; не, одделни индустриски гранки, одделни слоеви на буржоазијата, одделни земји пројавуваат во епохата на империјализмот со поголема или помала сила ту едната, ту другата од тие тенденции.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Но тенденцијата кон застој и гниење, својствена на монополот, од своја страна, и натаму дејствува и во одделни индустриски гранки, во одделни земји, за извесен период време таа надвива.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Аман, бе Фидане, бе! Их, ама вино си имал!... (Седнува меѓу нив). (Момци и девојки, стоејќи во одделни групи, се задеваат.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Тие спиеја во одделни бараки и ретко можеа да се видат.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
За да не им студи на децата, одделни родители растовараа по некое магарешко товарче дрва годишно, меѓу кои прва беше Доста Рожденката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Смешно, рече некој што беше одделен од мене со леко подвижен превез на тутунски чад. - Таа енигматизирана филозофија е обична глупост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таквите литературизирани судбини во одделни литератури имаат своја богата традиција и претставуваат долгорочен национален интерес и системска програма во творештвото.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Потоа, откако беше задоволен со чистењето, внимателно почна да ја испитува, фаќајќи одделни делови, поместувајќи ги оние што можеа да се помрднат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Скоро се фатија, како дослушнуваат одделни искажувања на селаните.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Повремено наоѓаа парчиња од грнци, тули, најдоа некаков сад, мал, сличен на кандилце, откопаа неколку коски, а археолозите сето тоа го редеа настрана, составувајќи одделни делови, грижливо бришејќи ги од земјата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Населбата се испразни. Остана само Челебијата со Нешка на конакот, гавазите пред неговата врата, крчмарите пред крчмата и писарите со магационерот во една одделна камена зграда.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Барем што се однесува за мене, вистина е дека оделни стихови што веќе претходно сум ги напишал, напати невидоизменети, од некоја песна сум ги вградувал во нова песна.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Или барем одделни морфеми, ритми, структури, мисли.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Четири години сум одделен од жената и децата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој беше виновникот, тој беше одделен, беше изваден настрана од сите нас во едно ќоше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Чинго бил во допир со еден нов говор создаван врз традициите на селото, врз мудроста на фолклорните сознанија, но веќе изменет со една нова социјална ситуација на селото во кое сè повеќе се создаваат говори на одделните занаети, говори на новата политичка ситуација на луѓето, говори на дојденците, на бегалците, на повратниците.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)