отворен (прид.)
Чан-Јок, гостоприемлив, куќата чијашто често беше во секое време за сите отворена . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
19. Додека во Македонија беа отворени српски и грчки конзулати, бидејќи Бугарија во тоа време уште беше вазално кнежевство на Турција, во македонските градови Солун, Скопје, Битола и Серес беа отворени бугарски трговски агентства што всушност ја вршеа истата работа на конзулатите и заедно со егзархиските митрополити ја раководеа бугарската националистичка пропаганда.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но поголемиот број Македонци остануваа во Србија и бараа пат како ќе се може да се работи во полза на Македонија без да се влегува во отворен конфликт со Србите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А монополите секаде со себе ги носат монополистичките принципи: искористување на „врските“ за доходна работа доаѓа на местото на конкуренцијата на отворениот пазар.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Поретко истапуваат циничните, отворените империјалисти кои имаат смелост да ја признаат апсурдноста на мислата за реформирање на основните својства на империјализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
ТЕОДОС: Нејќе овде па, па, туку треба ум и очи отворени!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПАНДЕ: Вратата беше отворена. Ама јас пак тропнувам оти влегувам!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ако сакаш цела ноќ остави ја вратата отворена и спи, никој ништо не ти гиба.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И оди почесто, особено да се напивуваш таму кафе за да ми е куќата отворена.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сите врвти затворени Пенџерите отворени.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И еве сега, без карти, застојани до отворениот прозорец, јурат со железницата низ темната ноќ, а прохладниот ветер си игра со нивните немирни коси.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
- Кој ги украл? ги дигна веѓите и остана со отворена уста зачуден и во исчекување.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Врз темниот оревов долап, над секакви дебели книги, препариран орел ширеше силни крилја; со отворениот клун ми го нишанеше срцето.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од отворениот прозорец на првиот кат ме стрелаше со вкочанет и потсмешлив поглед намразениот професор по јазик и историја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Куќите на нашите Мариовци се отворени секогаш и за секого.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Хаха, ха и хихи! — се насмеа Бојана гласно и се слушна дури на конакот, та и стариот мудур погледна преку отвореното пенџере, кое гледаше кон перачките.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Отворена надворешна омраза, внатрешна љубов, несвесна, детска.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа цели два дена се врткаше низ дворот држејќи ја портата отворена ширум.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Поинаку“, рече агентот. „Малку сол во твојата отворена рана, малку пламен од запалка.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не пиштеа сирени и не татнеше небото и сепак - очите на тие наоколу беа ширум отворени, црнките во нив ѕвездесто прскаа и се топеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)