постави (св.)
Таа ги просветува помрачените од лагата на гревот, тој јазик источи слатки и животворни зборови, тие пречесни усни расцутија со премудрост, неговите пречесни прсти поставија духовен органон и го украсија со златозрачни букви, со таа богогласна уста се напоија жедните за божји разум, со неа мнозина се насладија со животворна храна.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Тогаи ќе да се јави честниј крст от небо, ангели ќе да го носат и ќе да го постават на това место дека бил Христос распјат.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Затоа и не е чудно што на прво место меѓу поканетите за соработка во сп. „Вардар“ го поставува својот професор Лавров, кој во 1902 год. го имаше оставено Мисиркова на својата катедра за постдипломски (славистички) студии.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
66. Берат – писмо (повелба) од турскиот султан за поставување (во овој случај) владика. 66a.66а Назначувањето на Фирмилијана (умрел во 1903 год.) за митрополит во Скопје беше всушност првата позначајна победа на српската пропаганда во Македонија, извојувана не без поддршката на руската дипломатија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И во француската буржоаска литература прашањето е поставено доволно определено и широко, до колку тоа е замисливо од буржоаска гледна точка.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Спротивно на другите форми на банките и спротивно на барањата што се поставуваат понекогаш во литературата – дека банките мораат да се специјализираат за одредена област на работите или индустриска гранка, за да не ја изгубат почвата под нозете, – крупните банки настојуваат со индустриските претпријатија да создадат што поразнообразни врски по местото и видот на производството, се грижат да ги отстранат оние нерамномерности во распределбата на капиталот меѓу одделни краишта или индустриски гранки кои се објаснуваат со историјата на одделните претпријатија“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Тоа прашање го поставија сосема отворено и определено пред самиот крај на XIX век и во почетокот на XX век не само американската литература по шпанско-американската војна, и англиската по англо-бурската војна, не само германската литература, која „најљубоморно“ го следеше „британскиот империјализам“, систематски го оценуваше тој факт.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Ме одбраа едногласно под услов што го постави Пенчо: Баждар да ги каже брзо, како што тоа го правеше често, имињата на сите градови што ги знаеше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ристе ја постави молбата. Суло го има чеканот за дамка, а Ристе десетина товари штици недамкосани, та „ако е кабил“ да дојде утре Сулоага да ја удри дамката да не ги носи Ристе на каракулот и да не плати кочан.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во темницата под покровчето си даваше сметка за преживеаното денеска и си поставуваше илјади прашања во врска со Крстета и нејзиниот живот со него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Стражата“ ќе „капитулира“ и ќе ги земе коњите да ги смести по комшиите, а луѓето ќе влезат дома во куќата, каде што се поставени трпези од горни до долни крај.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Едно време Турците за овие села поставија таксидер, некојси Тефик.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ѝ поставаше итри иследнички прашања, штикови завртени кон неговото грло.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не отиде далеку. Овчарите го знаеја тоа и се приготвија да ѝ постават заседа недалеку од трлата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кловнот трипати удира со дланки да ги привлече очите на гостите потоа вади од под огртачот кукла која ја движи долната вилица и ѝ поставува прашање. - Тони, да се напиеме нешто?
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А знае, со таа секира го убив во одбрана провокаторот што дојде да постави кришум во струјомерот без обележани киловат-часови динамит, темпирана бомба, што ли. И божем онемува, тој - лажниот поштар.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тие веќе си правеа во умиштата свои и беговски кули по сите мариовски села и поставуваа ќаи и субаши на секој чифлиг.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од друга страна, пак, знаејќи ја улогата на верата во организацијата и општеството, Мехмед ја обнови Пеќската патријаршија и за патријарх го постави својот брат Макарија. Со тоа си го осигури своето влијание кај српската раја.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)