приведе св.

приведе (св.)

Сметаме за потребно точно да приведеме што вели по тоа прашање Јајделс, автор кој најдобро од сите го изучил тоа прашање: „Како резултат од разгледувањето на индустриските врски во нивната сеопфатност, го добиваме универзалниот карактер на финансиските институции што работат за индустријата.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Од горе приведените податоци на германската индустриска статистика за 1907 година се гледа дека дури 12 000 најкрупни претпријатија концентрираат, сигурно, повеќе од половината на вкупното количество парна и електрична енергија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ќе приведеме уште еден пример на господарење на картелите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Ако немаш видено - на!” му реков и му приведов кобила.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа веќе знаевме, тешко тој што ќе биде приведен в болница.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
— Ами, ако ги фатеа криминалците, ми велат, знаеш дека и тебе ќе те приведеа?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
7. На излегување од Кичево, една група на ОЗНА приведе еден бугарски војник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
При тоа ги приведе и сведоците кои кажаа дека куќата била здрава пред да почне Танаил да употребува екслозив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Толпата е страшно возбудена, бара одмазда, и за сето време додека чекаме да го приведат и јас исто толку возбудено зашто знам дека тој направил нешто ужасно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во другите републики козјото прашање веќе беше „решено” или се приведуваше кон крај.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Европа, сѐ поголем број луѓе се приведуваат секоја година за трговија со кет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како гледате на случајот, што ги наполни медиите, на уличарката од Њујорк, Џојс Браун, која беше приведена во душевна болница поради кинење на пари и скаредно однесување?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И ако литературата, според моето гледање, задржува за себе некоја повластеност, од една страна тоа е затоа што таа го тематизира настанот на пишувањето, а од друга, поради она што во текот на политичката историја ја врзува со начелната овластеност да „каже сѐ“, што пак на единствен начин ја приведува кон она што го нарекуваме вистина, фикција, привидност, наука, филозофија, закон, право, демократија. 4Кој беше влогот за тие описи?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во двата случаи организаторите повикаа полиција која го врза уметникот и го приведе во станица.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кога го приведоа во полициската станица во Стокхолм во еден момент Кулик престана да глуми пес и почна да дава објаснувања за својот чин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Затоа со „салви од истрели и удари на кундак ‘масата’ мора да се врати на местото што ѝ припаѓа; ‘народот’, напротив, се приведува кон една за властодржецот / расата / нацијата потребна единица” (Канети).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ти не спаѓаш во исклучоците - се обиде неуморниот иследник уште еднаш да ме приведе во неговата замисла за случајот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некои од нив ги беше бранел, успешно и без надомест, како адвокат, кога, рибарејќи, ја поминувале границата, или по други поводи бивале приведени и судени.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дури откако мојот спроводник повторно реферираше, но овој пат погласно, дека го привел затвореникот, иследникот бавно се сврти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе