сума (ж.)
Во Германија законот не дозволува акции под сумата од 1.000 марки и германските финансиски магнати со завист гледаат на Англија, во која законот дозволува акции и од една фунта стерлинг (= 20 марки, околу 10 рубли).
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Одземајќи ги, приближно, повторувањата, тој ја намалува таа сума на 575-600 милијарди.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Општата сума на вредносните хартии во светот во 1910 година Најмарк ја определува приближно на 815 милијарди франци.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Китан кога ја виде сумата, како змија да го касна: изнесуваше двојно повеќе од вредноста на куќата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
XV Китан правеше напори да собере пари за да вложи кауција во судот за да дојдат експерти од Факултетот во Белград за да се направи сондажа на тлото од куќата, но никако не можеше да собере толкава сума.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сумата што ја наведоа за да се направи тоа, изнесуваше повеќе отколку што чинеше куќата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
За возврат, таа ми дава одредена сума да ми се најде и ми купува цигари.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Сто марки се навистина бедна сума, но понекогаш може за тие пари да купите неколку кибрита ганџа и добро да ја проведете вечерта.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се исплатуваа само мали суми, додека добитниците на големите премии беа непостоечки личности.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Меѓутоа, од поднесената молба до царскиот Диван, рајата од споменатата Монастирска каза известува дека бившиот мутеселим Шефки-беј додал додаток и за оваа среќна година преку постоечките додатоци, со што ја покачил сумата на 135.000 гроша и со тоа ја натерал рајата да го продава својот недвижен имот за да го исплати данокот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Како ќе се плати оваа страшна сума, една редица нули, како одовде до Ресна. Пот гргна од него.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На паробродот пристигнало едно лице, придружено од двајца полицајци, и на затворениците им поделило скромна сума пари - помош од протестантската црковна општина во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На Евангелидис му била платена половината од сумата, а другата половина требало да ја земе по извршената работа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
По добивањето на „откупот“, Коста и Тодор биле “ослободени“, а повеќемина заговорници се собрале во Софија за да размислат како да се снабдат со поголема сума пари и да почнат со реализирањето на своите планови, зашто со парите што останале од „откупот“ не можело да се почне ништо.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
За возврат, да му плати поголема сума американски долари.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Јас немам женско, и затоа ми е полесно”, ѝ рече мајка ми на Рашела, која со светнати очи, ја слушаше како ѝ ја соопштува намерата да ѝ даде мираз за свадбата, смеејќи се од сѐ срце, заедно со нас на коментарот на мајка ми, секогаш кога Евридика ќе додаваше нова сума на чеизот на Рашела:
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мертен ја предлага и конечната сума: две и пол милијарди. „Невозмоможно“, одговара Јомтов Јакоел од името на Советот на заедницата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)