трговија (ж.)
Во почетокот на XX век тие наполно завладеаја во најразвиените земји и макар што првите чекори на патот на картелизирањето ги направија порано земјите со високи заштитни царини (Германија, Америка), Англија со својот систем на слободната трговија дури малку подоцна го покажа истиот тој основен факт: раѓањето на монополите и концентрацијата на производството.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Одговор на пролетеријатот на економската политика на финансискиот капитал, на империјализмот, не може да биде слободната трговија, туку само социјализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Од друга страна, во Америка на 1 јануари 1903 година е создаден таканаречениот Морганов труст, „Меѓународна компанија за поморска трговија“, која обединува американски и англиски парабродски друштва, девет на број, и располага со капитал од 120 милиони долари (480 милиони марки).
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Уредента, со чекор на човек што управува голема трговија, од стариот напуштен автомобил излезе Баждар и се протегна слеп од силното летно сонце.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Му донесе дедот Петко осум стотини парчиња „мувлосани", да ја прошири Мице трговијата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А и луѓето ја прифатија таа трговија.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мажот ѝ често одеше во Солун по трговија и таму престојуваше со недели.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Добро, синко... Што можам да правам, кога од тебе не можев да направам наследник во трговијата, - зажали татко му.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Вака ни трговија врви, нити се живот живее...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Така е тоа, кога човек се занимава „со трговија“ - се пошегува Доне.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Но кога виделе дека трговијата оди добро и дека чесно им се плаќа, тие од ден на ден сѐ повеќе се зближувале меѓу себе, се засакале и се спријателиле.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Младен Чкулот, иако претепан, направи добра трговија. Купи пошто зошто од разни сиромаси разна стока: овци, волови, крави, прасиња, телиња —само да им „услужи" да ги сместат парите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие фатија „трговија" со полјаците, ќаите, та дури и по понекој чифлигар и сите се вратија со по една две пушки, а потоа продолжија со „трговијата".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Та што се за него петстотини лири кога има две илјади овци дамазлак и три илјади јарци за трговија?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А тоа се случи она време околу деветстотата година кога Профим одеше по трговина во Албанија.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но, во овие велесаемски дни Лајпциг не го привлекуваше вниманието само со саемските хали и простории, со машините и техниката, со изложбите на книги и да детски играчки, со трговијата и размената, со банкетите и честењата, со деловните контакти и сувенирите, со купувачите во модерните стоковни куќи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Второто „К“ поврзано со колонска вода Во светот е позната познатата келнска колонска вода и затоа Келн, инаку град на индустријата и трговијата, во цела Европа и надвор од неа го носи знамето на „4771“, а покрај овој број задолжително стои натписот „Келнише васер“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овде е трговијата, најголемите стоковни куќи, модерни магацини, оттука се делат патишатата за целиот град, па оттука се фаќаат и дијагоналите за патиштата низ сета земја...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Што не стори татенцето да дојде до сликовницата, што не истрга од појасот, речиси сета трговија ни ја опљачка, но до сексот никако не успеваше да стигне.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Плашејќи се одново да започнат со веќе ризичната трговија, и не сакајќи да ги изложат животите, истата година се доселија на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)