трупи (само мн.)
Повеќето битки со кои ја освоивме нашата индиска империја ги водеа наши трупи составени од домородци; во Индија, како во последно време и во Египет, големи стационарни војски се наоѓаат под команда на Британците; речиси сите војни во врска со нашето покорување на Африка, освен нејзиниот јужни дел ги водеа за нас домородците.“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Во Соединетите држави империјалистичката војна против Шпанија во 1898 година предизвика опозиција на „антиимперијалистите“, последните мохиканци на буржоаската демократија, кои ја нарекоа таа војна „злосторничка“, анексијата на туѓите земји ја сметаа за кршење на уставот, постапката спрема водачот на домородците на Филипините, Агвиналдо (му ветија слобода на неговата земја, а потоа истоварија американски трупи и ги анектираа Филипините) ја прогласуваа за „лага на шовинистите“ – ги цитираа зборовите на Линколн:
„Кога белиот човек се управува сам себеси, тоа е самоуправа; кога тој се управува сам себеси и наедно со тоа управува други, тоа веќе не е самоуправа, тоа е деспотизам“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Англиската младина бара да се повлечат британските трупи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Овие зборови ги слушав од тетин ти Боге, оној што ги минал трите најсмртни денови на тој рид, во борбата што им претходеше на српските и на бугарските трупи, значи кога сѐ уште се бореа овие две сили заедно против Турците.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сојузничките воени сили особено имаат потреба да им се покажат складиштата и групирањето на непријателските трупи кое ќе се случи по прекинувањето на комуникациите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Пред дваесет години, кога градот го окупираа француските трупи, накодошен пак од свои, јас морав да заминам, преку Италија, во Цариград.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тие ја информирале американската јавност за влегувањето на бугарската армија во Македонија, „‘ослободена’ од германските трупи“, со една единствена цел – одржување на „редот и мирот меѓу населението“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Не заборавај, мој Камилски, дека трупите на Варшавскиот пакт биле повикани да ги задушат крваво востанијата во Полска, Унгарија...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)