заем (м.)

Но од русофилството таа се восползува со заемот, направен при руско содејство, а друго и најглавно, не ги поарчи позајмените милиони за воени потреби и со тоа ги остави полни државните каси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури последниве години повторно е достигнато рамништето од 1891 година – благодарејќи на двата нови заеми.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Цела низа странски држави – од Шпанија до Балкан, од Русија до Аргентина, Бразилија и Кина – истапуваат отворено или прикриено на крупните парични пазари со барања, понекогаш извонредно упорни, да добијат заем.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но ни еден паричен пазар не се решава да откаже заем од страв дека соседот ќе го испревари, ќе се согласи да даде заем, и со тоа за себе ќе осигури извесни услуги за услугите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Јунаштина на заем не се зема, а ни со пари се купува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако не, нека дојде, таа ќе му даде на заем. И му намигна да не ја види Илко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кој нема, дај му на заем и тој ќе ти плати, со фајде ќе ти плати. Разбра ли!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога некој ќе се најдеше да дојде кај Бошка и наместо да побара заем да моли за прошка, тој ќе му речеше: - Не можам, не моли ме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А тоа што можам, правам, еве, ако сакаш да ти дадам на заем, па како што е редот ќе ми платиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зеде на заем од добри луѓе од Дуње некое кило ’рж и зачека што ќе стане понатаму со неговите одведени деца во Стамбол.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Делкај цела ноќ, ќе успееш“, го храбреше и пиеше на негова сметка ветувајќи дека заемот ќе му го врати во оној час кога ќе се обогатат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На Крстју му недостигаа куршуми и ние решивме да ги земеме на заем од тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Така почнува со кафе. По некој ден еве ти пратеник од каушбашијата, заем му бара дваесет гроша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Заем не даваш... преврти ги џебовите!“ Патрокле не може да каже збор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И тргна од бег до бег да бара на заем од кого пет, од кого десет лири, лажејќи секаде, дека купил нива на Чанишко и треба утре да му ја доплати за да го земе сенетот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
25. НА СВАДБАТА ЗГОРА И АРАЧНИКОТ МУ ДОЈДЕ - оној службеник ревносно што собира наем, а, пак, јадењето, пиењето и свирките тој ден ги пресмета во тефтерот за доживотен заем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не знам дали го вознемири моето однесување господинот Иван Степанович, но тогаш првпат пред мене лично спомна дека отсекогаш имал симпатии кон својот стар соборец и пријател Семјон Иванович, дека му помагал, колку што можел, и дека, еве, на крајов, го ослободил од оние камати во врска со оној заем за фордот што реално гледано тој му ги должи а сепак не бара да му се платат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најпрвин видов некои листови испишани на турски со арапски букви, за кои претпоставував дека се купопродажни договори, потоа потврди за заем со кирилски букви и еден куп листови, грубо подврзани, испишани исто така со кирилски букви, како и еден исечок од весник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе