заради (предл.)
А словенски таму немаше, та заради тоа словенските букви не се букви од Бога.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
ПОВЕСТ – извадоци СЛОВО ЗАРАДИ СТРАШЕН СУД БОЖИЈ И ВТОРОЕ ПРИШЕСТВИЕ ХРИСТОВО „Во творениих руку твоеју поучахсја“, глаголет пророк.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Ваквата програма (блиска и на руската политика – заради други цели и интереси) навистина сретна жесток отпор од страна на Организацијата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Хр.Шалдев, кој заради бугарската стипендија се откажа од ова членство и стана верен агент на бугарскиот егзарх, а истовремено упорно и смислено го клеветеше Мисиркова, дури и пред ЦК на ТМОРО во Солун – поради неговиот критички однос спрема изведбата на тие акции.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во 1898-1902 год. се води долготрајна „Бурска војна” помеѓу Бурите и Англичаните во Јужна Африка, бидејќи последниве сакале да си ги прошират владенијата заради експлоатација на трансвалските златни рудници.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Капиталистите го делат светот не поради својата особена пакост, туку затоа што достигнатиот степен на концентрацијата ги принудува да удрат по тој пат заради добивање профит; притоа тие го делат „според капиталот“, „според силата“ – друг начин на поделба не може да постои во системот на стоковното производство и капитализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Англија ја заштитуваше неа и нејзините колонијални поседи заради јакнење на својата позиција во борбата против своите противници Шпанија и Франција.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Германскиот опортунист Герхард Хилдебранд, кој во свое време беше исклучен од партијата поради одбраната на империјализмот, а сега би можел да биде водач на таканаречената
„социјал-демократска“ партија на Германија, добро го дополнува Хопсона пропагирајќи ги „Соединетите држави на Западна Европа“ (без Русија) заради „заеднички“ акции…против африканските црнци, против „големото исламско движење“, за држење „силна војска и флота“, против „јапонско-кинеската коалиција“ итн.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
А некој само заради тоа што не зготвиле до саатот што дале теир!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Верував дека е горда заради своите мустаќи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А анархист, државен непријател и јатак можеби и не е такво некое чудо заради што ќе ме натепа. Робијаш - чудо големо!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Да се седиш мадро, неќу јас заради тебе да ми се смеат чупињата!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа дотогаш не беше забележала дека Крсте ја гледа, та дури чудо ѝ стана кога слушна дека овие му се фалат и сакаа дури да го тепаат заради неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Немаше ден, недела да не го викаат на уќумат заради неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тргнав кон Брезница, влегов в село и гледам твојата куќа прва и настранета така како заради мене да е правена, за тој што ќе ми биде јатак.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Знаеш колку е лош. Сакаш ли на мене да го истури бесот заради тебе?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Пред тоа стоев пред перченце огледало и гледав како ми побелуваат очите од грижи, од јад заради човечката пакост, заради зашвајсуваноста на полициските срца.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Заради жена?праша друг. Заради жена, му одговорија.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Волчицата не отстапи заради својот живот туку заради животот на својот пород гладен за нејзиното млеко, таму, во пустиот дол.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)