Јапонија име.

Јапонија (име.)

А што да ви речам за Касато од Кобе? И тој седумгодишен Јапонец спие како здробен.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Во Америка дури петнаесет универзитети, вклучувајќи го и Јејл (Yale), имаат организирани курсеви за изучување на хиперлитературата, како и универзитетите во Австрија, Данска, Англија, Шкотска, Норвешка и Јапонија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Времињата се изменија, па и за нас кои сме во Јапонија, традиционалната јапонска уметност е ограничувачка бидејќи ѝ недостасува универзалност; таа нема никакви врски со глобалната современа уметност, туку е наменета и е врамена во една единствена култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Уште полоши. Јапонци и нацисти. Не ми е јасно како моите излегуваа на крај со мене.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така како што Јапонија нема нафта и руди, така нејзиното тло едноставно нема ни хранлива подлога за индивидуално мислење.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Индиецот почна да го преминува потокот по површината на водата. Јапонецот се возбуди и го повика да се врати.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Давид во повеќе интервјуа изјави дека Monty Cantsin стигнал во Портланд, додавајќи дека има повеќе Monty Cantsin и во Унгарија, Јапонија и во другите земји и дека сите изведуваат еден голем симултан концерт.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Човекот во Јапонија и во Германија станал на некој начин онаков каков што предвидувавме: ефикасно прекрасно тркалце што работи како подмачкано во неверојатно прецизната машинерија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од оваа ноќ, ние сме одговорни за сите светски настани, од Јапонија, Аљаска и Кремљ до Мулен Руж, од Белата куќа до Елдорадо...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Голема предност на Јапонците и Германците беше што ја изгубија втората светска војна и што беа сите нивни индустриски обрати уништени. Ние сѐ уште правиме “willow run” бомбардери.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дигиталните бизниси ќе бидат раководени од мултинационални корпорации сместени во Јапонија и Швајцарија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Посакувам, да беа храбри да постават барем еден уметник кој ја претставува уметноста во Јапонија денес.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во земјата која необично многу ја поддржува современата уметност, првата специјализирана институција - со разновидни слики кои се гордеат со атрибутот „најголеми во Јапонија” - се бори да ги исполни големите очекувања на публиката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Нестрплив сум да видам што ќе стане со книгата во Јапонија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Kay Itoi ТОКИСКИОТ МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ -Поп и предрасуди- Ниеден музеј во Јапонија никогаш не бил изложен на таква бура од прекори, како онаа што го погоди Токискиот Музеј на современа уметност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ситуацијата во која се наоѓа музиката во САД и Европа постои и во Јапонија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во декември 1963 год. јапонското радио ме замоли да ги поздравам љубителите на музиката во Јапонија по повод Нова година (и тоа да не трае подолго од една минута).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Првата на којашто наидов изгледаше дека е оклопена во Јапонија; скршена, со едната нога подвиткана под себе како метален колан; ненавиена.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во овој музички променлив свет Јапонија се наоѓа во средна позиција, во не помала мерка од било која друга земја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Низ целиот свет, во Лондон и во Њујорк, во Африка и во Бразил, во таинствените забранети територии зад границите, на улиците на Париз и на Берлин, по селата низ бескрајните руски степи, по базарите низ Кина и Јапонија - насекаде стоеше истата оваа цврста непобедлива фигура, изобличена од работа и раѓање, аргатувајќи од раѓање до смрт и сепак пеејќи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе