Арап (м.)

Мали се ластовичките, слаби се. А морето помеѓу нас и Арапите ни се догледува, ни се прелетува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зошто мислиш Французите влечкаат Арапи по нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
— Ама велат, дека никој не можел да посегне да земе од ниј, оти шом ќе посегниш, излегувал арап со калачка и не давал да земиш — му објаснуваше Јован на Толета за казанот лири што се наоѓал во, земникот на Сталета Чешелков.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги бркаме, така, арапите низ полето и тогаш некој рече: - Да се вратиме, луѓе, оти таму има и други војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Никој не знае како дошле арапите, како ја намирисале меаната од Доксима Тренчески...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И се чу дека некои жени почнале да раѓаат црни деца. Арапчиња, црнчиња...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Зборувај, раскажувај што и да било... За црни Арапи или за бели жерави. За сѐ што ќе ти текне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се скамениле градителите. Побелуваат од јад и погледнуваат во најстариот, знае тој дунѓер многу - ѕидал и за Арапите и за Кинезите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Прегласно радио кажуваше од некоја куќа што се случува помеѓу Израелците и Арапите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со нас беше и Салко Вадидуша, поцрн и од Арап, со арапски усни и зет на болниот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Влегуваат Американецот, облечен во руска рубашка, Русинот облечен во каубојска облека и Арапот облечен во македонска носија.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
По ѕидовите поп и рокенрол постери и слики. По полноќ. На средината на собата, на софа, седат Соња и Арапот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Многумина не веруваа во неговото враќање како во чин на слободата, макар што тој на своја страна ги имаше Ицак Рабин, Шимон Перез и многумина други Евреи кои веруваа во соживотот, едни крај други со арапите?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде се вкрстиле повеќе цивилизации: на Каспијците, на Вандалите, на Феникијците, на Римјаните, на Византијците, на Арапите, на Шпанците и на Турците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако продолжат вака, јасно ви велам, Арапите ќе ја загубат Палестина... како што некогаш ја загубија Андалузија...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секоја Нова година е исто: уште неизлезени од големиот сон, со глави стежнати од желби и вино, со усти суви и жедни за расол и вода, водичка, онакви – баш никакви: неизбричени и ненашминкани, - на телевизија го гледаме традиционалниот концерт на традиционалната Виенска филхармонија и традиционалното ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш на богатите Арапи, Јапонци и богаташи од други џенемии кои, инаку, се навикнати ним да им аплаудираат севезден.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)

„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Додатокот, шеќерот во Медитеранот го донесоа Арапите, прифатен и обилно користен и од Византијците...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)