Багдад (име.)
За империјализмот е карактеристичен токму стремежот кон анектирање не само на аграрните области; туку и на најиндустриските (германските апетити кон Белгија, француските кон Лотарингија), зашто, прво, завршената поделба на светот принудува, при повторна поделба, да се протегаат рацете кон секакви земји; второ, за империјализмот е суштествен натпреварот на неколку големи држави во стремежот за хегемонија, т.е. за освојување земји не толку директно заради себе колку заради слабеењето на противникот и поткопувањето на неговата хегемонија (за Германија Белгија е особено важна како упориште против Англија: за Англија Багдад како упориште против Германија итн.).
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Зар не се вее златниот полумесец од Багдад до Виена, Техеран и Тунис?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Пролетва, од 20 април, кога меѓу 17:30 и 19 седам пред „Багдад кафе“ и се обидувам да уживам во макијатото, секогаш едни исти брборливи мисли ми се раздвижуваат низ главата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во претходните денови Јасер Арафат ќе настојува да биде посредник меѓу Багдад и Кувајт Сити.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)