Франција име.

Франција (име.)

32. Тројниот сојуз е военополитички блок на Германија, Австро-Унгарија и Италија, договорен во Виена во 1882 год. и насочен главно против Франција и Русија за распределба на светот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се однесува за Цариградската конференција (1876-1877) на претставниците на европските големи држави (Русија, Англија, Германија, Франција, Австро-Унгарија и Италија) и на Турција, одржана во Цариград непосредно по Босанско-херцеговското востание и Српско-турската војна, како и по востанијата во Бугарија и во Македонија (1876).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се растури со влегувањето на Италија во Првата светска војна (1915) на страната на Антантата (со Англија, Франција и Русија).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од тие четири земји две се најстаари и, како што ќе видиме, со колонии најбогати капиталистички земји: Англија и Франција; другите две се најнапредни капиталистички земји според брзината на развитокот и степенот на распространетоста низ капиталистичките монополи во производството – Соединетите држави и Германија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Друга е работата во Франција.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Шилдер смета дека пет индустриски држави преставуаат „изразити земји-кредитори“: Англија, Франција, Германија, Белгија и Швајцарија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Некој млади што ги вратиле, вака дечкофанчиња како Анѓелета, си останале да си работат во Франција.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Компанијата е задолжена таквите да ги врати до Франција. Пак ако го вратат Анѓелета...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пред сѐ, во Германија не победи револуцијата, туку, особено во рамките на пруското кралство со апсолутистичкиот монарх на чело – феудалната класа сѐ уште имаше значително привилегирана положба, а младата германска граѓанска класа си беше извојувала далеку помалку одошто онаа во Франција.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Еден вистински Француз не се понудува со вино пред јадење. Кажете му го тоа, ве молам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој е отскоро дојден, некаков интересен Французин од Ломбардија. (Да (за него слушал повеќе работи), помошник-директор на банката, има жена убавица (за неа знаат сите мангупи во градот).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој здодевен Французин ќе ја доведе полицијата. И, тогаш сѐ е упропастено.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Ги мразите Французите?“- праша претседателот со чиста нотка во гласот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така им го пикнаа Грците на Французите божем за цивилна власт да им се најде додека тие си ги гледаат војничките работи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Србин го подзема: - Ти значи, тргна за туѓина. - За Франција, да, - вели Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Право во Франција! Ова беше шанса за Љакета: - Како да не.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во тие денови од фронтот се врати и ветеринарот Скрез; им ја фрлил на Французите бугарска пушка и се предал.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мислеше: ако сѐ уште го најде жив дедо му Тренко, ќе го задави: зашто дедо му беше виновен за сето она што му се случи на Тасета.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Расправаше дека работел четири години во Франција и затоа во селото го викале „Франче“, а така го викаа и неговите другари во купето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес ружата расне во Турција, Мароко, Франција, СССР, но најмногу во Бугарија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе