адет м.

адет (м.)

Туку, побрзај со адетите… Стори што е редно, та младите да си легнат.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
А тука в село? Адет, свадбарина, светот, свекор, свекрва...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТРИКО КОЉО: Кажувај, свату, што е ред за момата да се даде. Адет ти е, адет ми е!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Симка ќерка ми е, не е копиле најдена, та без ред и адет да ја венчавам! Таа е од сој!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На, кога е адет. (Ја фрла парата на бебето од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Нека си свират, чорбаџи Теодосе. Нема што да криеме: ни пари броиме, ни жена тепаме, веселба правиме, како што е адетот и редот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЦОНКА: Така, Поцко, така синко! Адет е овде, не е играчка!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МИТРЕ: Вистина, така е од ноќ кому му зинува уста да јаде ама адет е, останало да се стави софра.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Тоа што си е адет треба да се направи.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
КОТЕ: Ете, пак кај нив други адети, кога се оди на печалба гурбетчијата да излезе од пенџере.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
САВЕТКА: Ами седнете де, невестава по едно слатко да донесе. Така е адет збор кога ќе се даде.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Ја бендисувал. А вели: „Тоа е и адет...“
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Слушајте сестри туркинки скршите лоши адети, фрлајте пусто фереџе, во ваши срца ранети радоста нека заигра...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Адети, пусти адети, - адети црни синџири, в темен мрак лице да криеш, вечно да жалиш за живот, - за солнце, лична слобода!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Зошто се тие адети, зошто да лице криеме?
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Се разбира, на Вилка и Толевци половината, а другата половина на другите. Така било адет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да има, братко, време кога да се приготви нешчо вечеричка, винце, ракиичка, знаеш каков е нашиот адет. Невеста се води, не е играчка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крчо Попов го расипа адетот. Ја пободиња малку одутрина кобилата на новиот нунко Димитрија од Бешиште, дојде дватрипати до Рожденкината порта — проти сите адети — и за малку што не јаде ќотек од Трајка Малов, кога рече ота сака да ја види невестата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стоеше достоинствено со детето на раце и чекаше, пак според адетот, човекот да ѝ каже што било.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Цело село знае кој ден доаѓаат печалбарите, - но и таков е адетот – никој од село надвор не излегува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе