амин (изв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Со нив моли се за нас, преподобен учител, што го прочитуваме твоето преславно успение во славата на Пресвета Троица, Таткото и Синот и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во сите векови, АМИН!
        
      
    
    
    
      „Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
         од Климент Охридски 
        (1754)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          ЕФКА: Амин! Ајде, баци им рака на свекорот и свекрвата.
        
      
    
    
    
      „Чорбаџи Теодос“
         од Васил Иљоски 
        (1937)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          АРСО: Амин и тебе раката! (Ѝ дава знак со прстите на Цонка да му побара на Теодос пари.) 
        
      
    
    
    
      „Чорбаџи Теодос“
         од Васил Иљоски 
        (1937)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          МАРА: (со главата кон небото). Амин! Господ да ти ја чуе молитвата.
        
      
    
    
    
      „Парите се отепувачка“
         од Ристо Крле 
        (1938)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          МАРА: (која се поздравила со гостите) Амин!
        
      
    
    
    
      „Парите се отепувачка“
         од Ристо Крле 
        (1938)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          ВАСИЛКА: Амин, господи! Од устата твоја во божјите уши!
        
      
    
    
    
      „Антица“
         од Ристо Крле 
        (1940)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ако ми живо остане, доб'ка старост ќе вати од седумдесет години, — заврши бабата Маловица со наречувањето. а додека таа наречуваше другите само викаа „амин, амин, амин, боженце златен, така да биде“.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И така со „добро утро" со „живот со здравје", со „аирлија, амин", си дојдоа каде „Волча жила".
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ни небо ни галица – само глас од далеку што иде  И стеблото што го ниша и тие под стеблото сами  - Амин.
        
      
    
    
    
      „Камена“
         од Анте Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ни земја ни божјак – само троа месечина горе  И еден крст што да ги покрие сами  - Амин.
        
      
    
    
    
      „Камена“
         од Анте Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ни морија ни јота – само една темна песна  Од која да изгори сѐ за да останат сами  - Амин.
        
      
    
    
    
      „Камена“
         од Анте Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сал понекои грешки и по смртта нејќат  ко на секои умрени да им речеш амин...
        
      
    
    
    
      „Куршуми низ времето“
         од Љупчо  Стојменски 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Те гледам се молиш покрај една света рака  И во копитата на коњот што го враќа твоето момче  Има многу ѕвезди и – амин меѓу ѕвездите...
        
      
    
    
    
      „Љубопис“
         од Анте Поповски 
        (1980)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И да вели амин  И мајка ти потоа да стане  И да ја принесе првата чинија узреани черешни  Од вашиот двор.
        
      
    
    
    
      „Љубопис“
         од Анте Поповски 
        (1980)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Децата ги одврзуваа шамивчињата од крстовите што ги носеа, а попот пееше: - Благословен бог наш всегда њиње и присно и во веки векови, Амин.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Некој само за себе се моли, некој и за здрави и за болни и за умрени се моли. „Господе помилуј и амин господе!“ 
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Врват луѓе, нѐ гледаат, се пресмеваат. - Аирлија, велат луѓето. - Амин, вели Јон, бериме сливи.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се втурнавме во нивните пароли затоа што некој друг така рекол и ние рековме - амин.
        
      
    
    
    
      „Постела на чемерните“
         од Петре Наковски 
        (1985)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Можеби некогаш одамна и било така, признава тој, додавајќи амандман на нејзиното           амин, но тоа е друга приказна: онаа во која терминалниот пар долготрајни љубовници           доаѓаат во хотелот кого што мрачно го нарекуваат Последно одмориште.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 34“
        
        (1996)
        
        
    
    
   
   
         
	        