бојкот (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не постоеше никакво „движење“ за бојкот или забрана на тие филмови. Тие беа интересни.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 21“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сепак, и покрај ова, како и покрај  издадената директорска наредба за моментален и безусловен  престанок на бојкотот, и покрај вршените притисоци по сите  можни линии –  работниците издржаа и го продолжија прекинот  на работа со целосна блокада на железничкиот (патнички и товарен) сообраќај на територија на целата држава –  бидејќи тие,  буквално, се наоѓаа во безизлезна состојба.
        
      
    
    
    
      „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
         од Димитар Апасиев 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Иако долги години формално е член и редовно плаќа членарина, тој никогаш непосредно и поактивно се нема вклучено во синдикални активности – со исклучок на едно учество во штрајк 60  организиран од СОНК (ја почитуваше одлуката на синдикатот и се солидаризираше со неговите колеги преку „бојкот“ т.е. неизвршување на работните задачи).
        
      
    
    
    
      „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
         од Димитар Апасиев 
        (2011)
        
        
    
    
   
   
         
	        