веселник (м.)

Од намуртено, наведено. натажено дете за миг се претвори во вистински веселник.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само белите усни малку набабреа задржувајќи долго душено кикотење. „Никола“ , викна и се наведна над белиот лик со танко црвено конче на обата краја на устата. „Никола, јас сум, Отец Симеон.“ Шверцерот и веселникот ли?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гајдата им била на веселниците и татко и мајка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дотогаш патилата им ги мелел остробрад Анадолец, половина за нив, половина за прочуениот јавач и веселник Али-бег, од обете половини по неколку фесови брашно за себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од комуникативен, доктор Миха стана скопчан; од разговорлив - молчалив, од веселник - намќорест; од човекот во движење - во сенка што пуштила корења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)