граблив (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          За награда ние од Стан го донесовме син ти,  толку нажалени сите:  да не биде храна на птиците грабливи, нити  плен да им стане на пците.
        
      
    
    
    
      „Сердарот“
         од Григор  Прличев 
        (1860)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ја натера гневот, та викна  луто мајчината уста:  - „Зар повтор со злосторни ужасни мисли сте полни,  скитници, грабливи страчки?!
        
      
    
    
    
      „Сердарот“
         од Григор  Прличев 
        (1860)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          АРСО: Во животот, Теодосе, има многу пострашни работи. А најстрашни се: лошо срце, лакомо око и граблива рака.
        
      
    
    
    
      „Чорбаџи Теодос“
         од Васил Иљоски 
        (1937)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
        
      
    
    
    
      „Улица“
         од Славко Јаневски 
        (1951)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Паралелно со нашата улица живееше, се давеше во грабливост и трешереше во претсмртен грч чаршијата - теснограда, безработна готова на детски бесмислености и ситни кражби.
        
      
    
    
    
      „Улица“
         од Славко Јаневски 
        (1951)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Војна, мислеше. Хистерична минијатура на човешката грабливост.
        
      
    
    
    
      „Две Марии“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Птичишта некакви, неспокојни и грабливи, крескаат низ дрвјата и му отстојуваат на шумот што се крева од нашите стапалки.
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тркалезнообразен но со истакнати вилици и како вегав, те гледа со главата свртена в лево, како некоја граблива птица.
        
      
    
    
    
      „Продавница за љубопитните“
         од Мето Јовановски 
        (2003)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          -Да, но грабливиот јастреб ми долета, сега јас треперам од страв да не ме повреди – се сожалуваше згрченото лице на Еразмо.
        
      
    
    
    
      „Мудрецот“
         од Радојка Трајанова 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Талкач во мојата непроодна душа  Си Ти  Незгаслива жега, пеколна суша  Си Ти  Како солзи што в грло ме гушат  Си Ти  Како цвет на крајпатна дива круша  Си Ти  Како тихо ехо што в мисли го слушам  Како вител спомени што ме рушат  Граблива птицо плашливо молам  – твојте номадски крилја ги свиј!  2008
        
      
    
    
    
      „Сите притоки се слеваат во моето корито“
         од Марта Маркоска 
        (2009)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Првичниот страв на Милан беше дека грабливиот ѕвер влегол во кокошарникот и сè живо исклал.
        
      
    
    
    
      „Невестата на доселеникот“
         од Стојан Христов 
        (2010)