гроздов (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ни пријде келнерот со две чашки гроздова ракија. - Чести куќата за добредојде! – рече срдечно келнерот.
        
      
    
    
    
      „Атеистички музеј“
         од Луан Старова 
        (1997)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Бевме послужени со неизбежната гроздова ракија.
        
      
    
    
    
      „Атеистички музеј“
         од Луан Старова 
        (1997)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се разменија и кратки поздрави. Се кренаа и чашки албанска гроздова ракија за заедничко здравје.
        
      
    
    
    
      „Атеистички музеј“
         од Луан Старова 
        (1997)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се напив три капки сладок гроздов сируп  и во трансот на пријатна опиеност  те прашав:  “како ќе погледнеш во моите очи  кога имаш срце на кукавица,  а мислев дека си божество”?
        
      
    
    
    
      „Жонглирање со животот во слободен пад“
         од Сара Трајковска 
        (2012)
        
        
    
    
   
   
         
	        