длабоко (прил.)

– „О јас сиромав, си рекол сам со себе, угоре високо, удолу длабоко, да се вратам, кај џевнем да одам?
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
85. Мисијата на Бугарија е прекрасна, само, за жал, ние тука во Петроград сме далеку од Бугарија, та русофобското семе не може да ни западне длабоко во душата и да даде арни плодови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа раскајување е влезено длабоко во душите на сите Руси, кои сега не сакаат ни да чујат за некакви „братушки”, а особено за Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бесодржателните прикажувања на Кауцки за ултраимперијализмот ја потхрануваат, помеѓу другото, онаа длабоко погрешна мисла, која ја врти водата кон воденицата на апологетите на империјализмот, дека божем господството на финансискиот капитал ги слаби нерамномерностите и противречностите внатре во светското стопанство, додека тоа фактички ги јакне.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Сите услови на економскиот живот длабоко се менуваат поради таа преобразба на капитализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Добриот Агад длабоко е индигниран од тоа што берлинските банки во своите раце го имаат мнозинството од акциите и што поради тоа руските акционери се немоќни.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Земи го дикелот и појди на крајното лозје, кај карпата да покопаш. Ама убаво, подлабоко. Што, не ти се оди?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Жилите да пуштат корења длабоко плодови да бликнат високо, високо слободно на воздух!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Јас кога размислив подлабоко, дека вујко ти е причина за смртта на татка ми, длабоко се потресов и се покајав што така непремислено ти предложив.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ДАРА: Забога, ќемо умртвимо човека. (Дури таја растрчуе, Пијаниот почина спокојно и длабоко да си грчи).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Високите трски како ѕидови го затвораа од обете страни хоризонтот, само над нив високо и некаде длабоко напред се гледаше тесна лента сино прозрачно летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Детето полека се спушти на сламата, која што зашушка под него и длабоко се издиши.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ме ожежа со длабоко завлечените очи, покажа со прст кон темната врата, ги ропџвака зборовите: - Онде живее.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Прокопувај длабоко. Подземните одаи имаат влез од ова визба.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Под црвната и маслена шапка меката светла сламена коса му пагаше преку стаоречките очи, длабоко пропаднати, жолти и полни со темни дамки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, Митровден е близу, да собереме шо дал господ, па имаме и три куќи, сакате излезете вие, сакате да излеза јас, да не нѐ носат светот отпазар — напазар, — рече Стојо со тага на душата и длабоко се издиши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се издиши длабоко, ја поздрави, ги поведе попот, кумот, деверот и брат му Стоја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мозокот сакаше да ги претвори во убијци додека во нив длабоко беа вкоренети жилите на животот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе