жаловит (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Седнах, моми, окол' баба  пред црковни врати,  па сја пуљам и сја чудам  зашт' е жаловита  и што барат в таква доба  т'мна и вечерна,  кога људи сја собират  дома си сос чељад;  кога људи си оставјат  дневни си печалби  и сбирајат окол' себе  дребни, мили рожби,  па с них они сја печаљат  да сја развесељат,  да забравјат дни си чрни,  маки, таги, глоби...
        
      
    
    
    
      „Крвава кошула“
         од Рајко Жинзифов 
        (1870)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Плачело нешто во таа шума, врескало нешто толку жаловито и толку болно, што оној не можел а да не потрча кон таму по испаѓаните наврнати лимонести жолти лисја, меѓу сивите оголени стебла.
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ако е сама, и таа ќе копнее, не како него, лошо и налудничаво, зашто тој старее а таа има седумнаесет години, ќе копнее убаво и жаловито како 
 ластовица, и не за некого, зашто нема приличен пред нејзината младост, а така сама од себе дека е толку чудно убава.
        
      
    
    
    
      „Послание“
         од Блаже Конески 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој ме погледна и строго и жаловито и, ставајќи го прстот на усните, ми просаска:  - Сус, чендо... - и толку, повеќе ништо не ми рече и мене за тој ден и повеќе денови потоа ми беше доста.
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)