замрмори (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Зарипнато шушливиот глас се слушна од соседната ќелија. Таму некој громко замрморе.
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Замрморува набрзина и го смирува лицето.
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И самите замрмориле и се згуснале.
        
      
    
    
    
      „Тврдоглави“
         од Славко Јаневски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          се уште сме на свадби распеани  по свадбите намќори замрморени  сал туку лелекаме по гробиштата  па ги забораваме мртвите.
        
      
    
    
    
      „Светилничар“
         од Ристо Лазаров 
        (2013)