заѕури (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пак му се заѕури во лицето и сакаше да го стисне за гуша, да го удави што не му го доведе детето што го зеде со себе.       – Кадијата од Прилеп ги собра сите деца од Атпазар, па и нашиот Ѓелета го плени.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева.           – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Му ја поткрена наведнатата глава и му се заѕури во големите крвави очи – Кажувај, бре сине на ѓаволот? Сега пак те поткупија?
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
   
   
         
	        