зголемен прид.
зголеми св.

зголемен (прид.)

Снегот продолжуваше да ја губи дури и онаа своја скржава светлина, добивајќи некаква сосема невистинита испремешаност на сите темници, што постојат, а секој нов заграб со раката низ неговата сива ронливост ја правеше уште потупа болката под неговите нокти, носејќи му го ова незнајно глупо чувство за некакви прсти, зголемени колку полни вреќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го остави подолго време добитокот надвор, убаво ја исчисти кошарата и во чест на јужниот ветер, говедата и овците, покрај зголемената дажба од сено и царевиње, добија и десетина грсти крма.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Електрониката, односно механизацијата и зголемената функционалност на еден вид мебел, беше една од новините во светското производство на мебелот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Атомиумот претставува атомски кристал, зголемен 200 милиони пати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ваквата тројно и четворно зголемена работна рака и давачки, бараа нова организација на производството и постојан надзор, па Акиноските, за да бидат поблиску до Потковицата, од Солун се преселија во Битола и оттаму, во екот на полските работи, доведуваа сакимии.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Силата веќе ѝ беше одземена од студот, а тежината и тромоста зголемени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Капитализмот во темните работилници; фашизмот, со декрет на Мусолини во 1923 година, ќе се обиде во Италија да ги обесхрабри козарите наложувајќи зголемен данок за секоја коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова се јави како резултат на зголемениот број на „преведувачи- аматери“ (меѓу кои и голем број Британски дипломати) чија единствена цел беше, да се пренесе содржината на делото запоставувајќи го истражувањето на формалните карактеристики на текстот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Корисниците доживуваат зголемено чувство на возбуда, задоволство, самодоверба и енергија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потребата од систематско изучување на преведувањето произлегува од проблемите што се сретнуваат при самиот процес на преведувањето, така што, колку е неопходно тие кои работат на ова поле своето практично искуство да го пренесуваат преку теориски дискусии, толку е битно и зголеменото теориско искуство да може да се користи при преводот на текстови. 30 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Разговорот меѓу нас, зголемен до бесмисол, ни ги гмечи носовите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Беше надвор и чекаше. Изгледаше како најобичен техничар на одмор, во пластичен шорц и смешна Хавајска кошула врз која беа отпечатени зголемени слики на најдобрите микропроцесори на неговата фирма; благ мал човек, еден од оние што се опива со саке во барови каде продаваат минијатурни оризови кекси со додаток на морска трева.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овој културен мем вклучува интелигенција, личен пристап до информации, антиидеолошко потпирање на здравиот разум, ментални вештини, зголемена свесност, интелигентен консумеризам-хедонизам, лични комуникациски вештини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во почетокот на деведесеттите (барем во Америка, додека во Европа веќе се најавува зголемената офанзива против, сега за сега, доволно маргиналната појава на националистички поп и рок групи) здружените одреди на родители, религиозни групи, судови, политичари, полицијата и влијателните медии повторно цврсто ја зграпчија грамофонската индустрија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се надеваме дека намалената зачестеност делумно ќе ја компензираме преку зголемениот број на страници и преку понатамошното издигнување на квалитетот (во секоја можна смисла) на овој гласник „за ширење децентралистичка култура”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во неговата средина, зголемен од заоблената површина, се наоѓаше некаков чуден, розов, извиткан предмет, кој потсетуваше на роза, или на анемона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите надразнувања ги чувствуваше повеќекратно зголемени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од кој било агол да се погледнеше постерот, отворот на цевката од автоматот, зголемен поради скратената перспектива, изгледаше како да е вперен во посматрачот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И благодарение на Лениновата линија и Сталиновата реализација, во периодот помеѓу 1928 и 1932 година, односно во времето на Првиот петгодишен план, производството на електрична енергија беше зголемено за пет пати, како резултат на експлоатацијата на хидроелектричните ресурси...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе