изрти (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Таму во свеста се вкочанува времето на оној ден кога се оставил домот: со тој миг во сеќавањето непроменливи се луѓето што останале во селото, настаните врзани за нив и тој самиот меѓу тие луѓе и тие настани, божем из'ртел од себе и пошол да бара нешто што немал дотогаш.
        
      
    
    
    
      „Забранета одаја“
         од Славко Јаневски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Стига да ни намигне од далеку  Таа натраплива заводничка, победата,  И стрелката на часовникот ќе из'рти  од коренот на времето  Ќе блесне заслепувачки знакот, белегот, зборот -  Високиот неодминлив крајбрежен светилник!
        
      
    
    
    
      „Посегање по чудесното“
         од Србо Ивановски 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ако е речено, од Господа благословено и од светиите поткрепено од ровката земја сѐ нешто ќе из’рти, ќе пркне, ќе ботее, ќе класа, ќе дрочи, ќе зрее - песна ќе се слуша низ домата, низ селото и над Езерската шир.
        
      
    
    
    
      „Молика пелистерска“
         од Бистрица Миркуловска 
        (2014)
        
        
    
    
   
   
         
	        