инцест (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Од DEJA MIS произлегува играта со зборови deja amis („Веќе пријатели“), како и играта со зборови за забрана, jamais („никогаш“), каде што и едната и другата асоцираат на инцест.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 8-9“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Елена, како и Невестата, е вплеткана во една               инцестуозна врска (поточно, станува збор за двоен инцест: прво со едниот од своите               браќа, а потоа со Дејфоб, братот на својот прв маж); ќе ја доживее истата трагична смрт               (била обесена); поистоветувана е со дрво (на Родос, Елена е почитувана под името               Дендритис - божица на дрвјата): и Невестата, според зборовите на Duchamp, е “како               дрво”.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 6-7“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Факт е дека Дишан ја одбира еротиката како тема која е апстрактна за неговото творештво, така што природно го нагласува впечатокот, бидејќи ако и постои нешто што не ја поттикнува рамнодушноста туку, напротив, ја возбудува длабоко продирајќи дури и во митот, тогаш тоа е човечката сексуалност заедно со инцестот и смртта.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 8-9“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Бидејќи се сметаат за сексуални објекти на општества со кои                   долго доминираше мажот, се сметаат за одговорни за судбината на мажот поради инцестот и копнежот меѓу членовите на семејството, што за возврат станува извор на сексуалната агресија на мажот.  okno.mk | Margina #8-9 [1994]                                                             189 
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 8-9“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во автобиографската трилогија Electronic Diary, Lynn Hershman, исто така Еврејка, всушност ги автоанализира корените на нејзиниот подјадувачки психички, сексуален и емотивен неред, злоставување и инцест, и резултатите ги изедначува со космологијата на Хитлер, вампирите и преживеаните од Холокаустот.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 37“
        
        (1997)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Внимание, внимание - инцест и прељуба во еволутивната ниша на цицачите!
        
      
    
    
    
      „Сонце во тегла“
         од Илина Јакимовска 
        (2009)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ти знаеш дека човештвото ќе те чита и препрочитува, дека ќе зборува за тоа што рече ти за човечкото суштество, за неговите соништа и неговата стварност, за неговото свесно и неговото несвесно, за тотемот и табуто, за таткоубиството и инцестот, за Еросот и Танатосот.
        
      
    
    
    
      „Сестрата на Сигмунд Фројд“
         од Гоце Смилевски 
        (2010)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Зарем е можно да дошло до инцест, најголемиот грев во целиот човечки род, се мачеше мајчинското срце.
        
      
    
    
    
      „Последната алка“
         од Стојан Арсиќ 
        (2013)
        
        
    
    
   
   
         
	        