испадне (св.)
После ќе има, ама не можеш да чекаш, ќе се пресуши житото и ќе испадне на нива... Што фајде?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ни пет ни шест, Јован ја нарами кремењарката со која одеше зиме по зајци и — испадна комита!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сака ли Бошко и Дико да испадне како против власта и против својот побратим Лумана та после наместо еден двајца да страдаат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но за да му докажам на Селима дека не е вистина тоа што го кажува, еве што предлагам: Ајде да собереме наши луѓе и да отидеме еден ден по тие села, да видиме што ќе испадне.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мајка му го отвори пакетчето и од него испадна еден балон.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Доне го слече палтото и ја распара поставата. Однатре испадна бело тенко платно, на кое беше напишано писмото.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Едниот опинок му испадна, тој се наведна, го зеде во раце и така со едната нога бос продолжи да трча.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Од кавалчето испадна малото писменце. Тој го зеде писмото и го скри во џебот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Одвнатре, заедно со сламата испадна едно писмо.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Дедото рече: - И мене ми испадна единствениот заб кога му се карав на Димче.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А торбата се отвори, од неа испадна рибата и плусна во водата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Наеднаш почнаа да се случуваат мошне чудни и необјасниви работи: млекото што го пиеше помалото братче на Димче згорче како пелин; едно утро наеднаш ѝ се здрви раката на Димчевата мајка; еден ден ненадејно и без причина на дедото му испадна единствениот заб; еден ден, пак без причина, бабата си го поткасна јазикот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Србин и Шишман, како што ги учеше фелдфебелот долу во градот, се потрудија колку што можат, но испадна едно млако вкочанување и собирање на вратовите во рамената.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Немаа време да погледнат назад, Србин се прибра и со последни сили полека ја вртеше матарката додека камчето со лизгање не испадна однатре.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Старецот гледаше во предметите што испаѓаа од џипот, зачуден, ставен пред прашање: што значат тие работи, зошто служат, па рече: - А, дојдоа, велиш?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но кога наврте на долот, на пет шест стотина метра од чуката, од растот испадна војник со пушката на готовс и громко извика: — Теслим, бре ќерата! — и просто му ја допре цевката од пушката на Милана в гради.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Кај ќе праша со празна уста, вели Маса Ќулумоска, неговите испаднати заби се децата. Вашите умрени деца, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Сами ми испаднаа, вели Јон, ми се разнишаа и ми испаднаа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Надвор од устата им испаѓа, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)