клешти (несв.)

Останав сам. Ги клештев кучешките заби и можев да заплачам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се клештеше пријателски: - Трчај. Ќе те причекам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се доискашла вриејќи од лутина што му се смеат и со оврлени очи им свика на децата: Што се клештите?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој сѐ уште се клештеше со половина лице. Од едната биволска ноздра му се испаруваше крвта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Напред, се клештев, кон таа постела во која ќе остане печат на една љубов - дамка крв, стопен црвен восок. Таинствено се клештев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез до кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарени вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако ќе ми ги испразни џебовите, клисарот злорадо ќе се клешти над мене. Вечнаја памјат...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не можеше да се скамени, да стане сурово молчење во себе, зашто ако сакаше да го убие својот бог ќе мораше да го стрела своето небо, тоа црно пространство под татарски голото теме, ќе мораше да го уништи разумот, сеќавањето, а оддалеку, од едно време оставено зад грбот, му се клештеа призраци - Оче Симеоне, не откажувај се од себе или удави се во буре со ракија и стани заборав.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во некоја вечер пред тоа, обиколен крај огнот со ѕвездесто распрснати сенки, им објаснуваше: „Некогаш вештерките ги топеле во смола и ги палеле со помамни славопејки за крстот.“ Смоларите не му веруваа; се подбуцнуваа кришум со лакти и се клештеа кон месечината.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Напред, се клештев, кон таа постела во која ќе остане печат за една љубов - дамка крв, стопен црвен восок. Таинствено се клештев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез во кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарените вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Татковците ќе си ги крштаваат децата, пак се клештел Адам Лесновец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ама јас не се шегувам, слушаш? Се качи тогаш кутриот Јаков на орев да брка верверици. Го вика жена му, тој ѝ се клешти од стеблакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А лизуркото ги слуша, им се потсмева и почнува да се клешти со гласно смеење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вон тие ѕидови, на чистинката опкружена со шумичка, на камениот пиедестал истрошен од времето една фаунска прилика се клешти меѓу зеленилото. Тоа е голиот Пријап.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во мене дреме простак кој се клешти на ова разбирање и бескрајно ја исмева интелигенцијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Развеселените гости на вечерата тоа не го ни забележуваат, туку продолжуваат да се клештат, плукаат и ждригаат, фрлајќи им остатоци од храната на секаде присутните стаорци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе