колку (прил.)

Но тие не знаат точно со колку букви пишуваат Грците.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
И бескрајно, колку векови минат ко часој!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
О сонце, колку светлина ти прскаш уште рано, и како лееш светол зрак!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не ќе примнам друг в постела, и колку да е убав, сѐ дури трае мојот час. Со плач ќе те смилостувам...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Многупати татко му го поучуваше со кротко, до колку знаеше сиромав Божин, и многу примери му носел ѓоа да се тргне Силјан од тој пусти ајљазлак.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Господ да ме прости, неарно сторив, ама пуста лутина човечка е лоша, тики човек колку да се чува да не греши пак ќе згреши.“
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Бугарија досега не знаеше оти решението на македонското прашање не е исклучиво во Софија, ами колку во Софија толку и во Белград, т.е. во согласувањата меѓу Софија и Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Колку еден варварски, т.е. негрчки народ беше пострашен за нивната држава, толку повеќе омразата кон него беше поголема и толку неговото име добиваше подолно, попрезриво значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Борбата има не толку национален, колку религиозен карактер.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Помладите еден по еден ја напуштија свадбата! Јадење и пиење имаше колку да сакаш!?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
До колку е повисок развитокот на капитализмот до колку посилно се чувствува недостигот на суровини, до колку е поостра конкуренцијата и натпреварот за извори на суровини во целиот свет до толку е поогорчена борбата за освојување колонии.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Колку силно и да се одвиваше во последните десетлетија нивелирањето на светот, израмнувањето на стопанските и животните услови во различните земји под притисок на крупната индустрија, размената и финансискиот капитал, сепак останува голема разликата, и меѓу шесте споменати земји гледаме, од една страна, млади капиталистички земји кои необично брзо напредуваа (Америка, Германија, Јапонија); од друга страна – земји од стариот капиталистички развиток кои во последно време далеку побавно напредуваа од претходните (Франција и Англија); од трета, земја најзаостаната во економски поглед (Русија), во која најновиот капиталистички империјализам е исплетен, така да се рече, со особено густа мрежа на преткапиталистички односи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
И колку повеќе растеше извозот на капиталот и на разни начини се ширеа странските и колонијалните врски и „сферите на влијание“ на најкрупните монополистички сојузи, работата „природно“ се приближуваше кон светска спогодба меѓу нив, кон создавање меѓународни картели.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Хм! Го гледаш Костадинчета? Колку е итар, сојот му кажува!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: Е, ама Симка е чорбаџиска ќерка, тешко гази. Колку чини името!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Чув дека си варел тазе комовица... Ти знаеш, колку сум мераклија.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Леле, колку се! Сурија! Цела Топана!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Еве вака: знаеш колку имаш да ми даваш. Еве го сенетот. (Вади од џеб хартија.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Знам колку ти е тешко.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ФРОСА: (се смее). Што рече: „Фрли колку ти е стасана раката и не плаши се од пресолување“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Повеќе