лелека (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Но стариот легна во дворот и ги зачека клоците од забитот и војникот што зборуваше по каурски и почна да писка и лелека.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Беше оставен, еднаш за секогаш, сиот оној далечен јазел на безизлезноста; беа изболедувани во сета нивна полнота сите болки, беа преживеани до последната граница на врзувањето сите беспаќа, а сега беше останато само таа отпуштеност, која што можела да му биде и крајот, но која за него ќе мораше да биде нешто друго, со сево ова лелекање и одминување меѓу голите зимни дрвја.
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Збунети жени трчаат нагоре-надолу. Викаат и лелекаат дека војници го запалиле селото.
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Војниците ги симнаа кантите со бензин од камионите и јурнаа по куќите да ги штркаат: пламенот вивна и луѓето почнаа да лелекаат, да се раздвижуваат, да напинаат да го скинат обрачот, но војниците со бајонетите и кундаците ги натискаа еден во друг.
        
      
    
    
    
      „Свето проклето“
         од Јован  Стрезовски 
        (1978)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И едно фати, друго фати, ми ги зема од раце и ми ги свртува во клобурците, ги понесува. Јас лелекам, се траштам.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ете што ме најде сега, викам, лелекам и ги бркам другите деца да не ѝ се доближуваат на Роса, да не се префатат.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тажачка, редачка беше тоа. Му стои на главата и не се помрднува од детето. Од Ѕвездана мој. Лелека ко човек.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во дворот Јанчески дотрчаа жителите на Потковицата и никој, освен Турците, не веруваше во приказната што лелекајќи низ дворот ја огласуваа Јанческите: Руса нивна во визбата, на некоја шајка, си го огрубела лицето, за малку и виделото ќе си го осакатела, но и никој не ја оспори гласно.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А кога во време мала пладнина оттаму, од гората, се разнесе лелекањето на старецот (лелекаше и молеше тој за христијаните паднати во бојот со Турците на Марица и за сите христијани паднати во боевите со нив, лелекаше и ги колнеше Јована Кантакузен и Григорие Паламас, кои, за да се одржат на престолот на веќе разнебитеното византиско царство, се сојузи со нив, со поганците, а тие, пеколниците, кога се нашле едноаш на небранет пат, пред ништо и пред никого немало да запрат додека сѐ не изгореле и не испоганиле) сите го ожалија; си рекоа старецот, оставен сам таму во орманот, се поштукнал од умот и сега гласно си го кажува тоа што не смееше ни да го шепоти додека си беше прикрепен на умот.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Облаци златокоси, дождови темнооки,  Таги мои извишени, ноќи најглобоки,  Што ми бегате штом ве иштам  Дури лелекам, дури пиштам  Од болки-додолки, од маки мартинки,  Штом се стишам кога дишам  Темното штом го рисам,  За да светнам и да летнам,  Како птица небесница, пеперуга златница  Како миризлива стих-латица  Како ѕвезда крилатица?
        
      
    
    
    
      „Сонети“
         од Михаил Ренџов 
        (1987)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И после, секој ден моето лелекање да си го слушам од далеку.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Лелекаше силно, и го бацуваше татка си во ковчегот и не им го даваше на луѓето да го спуштат во гробот.
        
      
    
    
    
      „Злодобро“
         од Јован  Стрезовски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ништо Анка не можеше да го успокои: лелекаше на глас чувствувајќи силна болка и вина во душата - дека тој давајќи му ја ракијата за да го успокои - го отепа.
        
      
    
    
    
      „Злодобро“
         од Јован  Стрезовски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ги слушаа нејзините придушени лелекања.
        
      
    
    
    
      „Лек против меланхолија“
         од Реј Бредбери 
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Артикулацијата на сопствениот интерес (освен ако     врескањето и лелекањето не ги сметате за тоа) ни     оддалеку не е проста работа.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 11-12“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сите лелекаат дека никако не можат да го сфатат и тоа ги вознемирува.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 10“
        
        (1997)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тогаш            мојот хипнотички поглед го меша со мислите и страстите:                 Константно и директно се џари,                 Нема потреба да се умилкува и додворува                 На својот слуга за бакнеж,                 Нему, кој е сопственик на ужасите,                 Кој ја познава матката на отровницата,                 Пегава и одрана со црно,                 На рѓосаната вага на амбрата,                 Неговиот гроб -                 Затегната направа за мачење што предизвикува тага                 На која тој лелека - лелека!
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 10“
        
        (1997)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Винстон завиваше и лелекаше, залудно барајќи храна, беснееше по собата, фрлаше сѐ што ќе дофатеше и удираше по дрвената облога, сѐ додека соседите не почнаа да чукаат по ѕидот, а за тоа време помалото дете секој час заплакуваше.
        
      
    
    
    
      „1984“
         од Џорџ Орвел 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Имаше и други моменти, кога беше решен да не признае, кога секој збор мораше да му биде изнудуван меѓу два лелека од болка, а постоеја моменти и кога немоќно се обидуваше да прави компромиси, велејќи си: „ Ќе признаам, ама сѐ уште не.
        
      
    
    
    
      „1984“
         од Џорџ Орвел 
        (1998)
        
        
    
    
   
   
         
	        