миже несв.
миженка ж.

миже (несв.)

ТЕОДОС: Матеница! Мижи да те лажам!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Што? Гребаница, а? Се намурти, плукна пред моите нозе: - Мижи - Асан- да - ти - баја...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Мижи Асан да ти бајам, се инаетеше Паљо. - Ако го закопале, тој не можел да стане.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Затрепте неколкупати и ги затвори клепките, па мижејќи одговори со немо нишање на главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прапорците на колите ѕрнкаа рамномерно, децата замислени седеа, мижеа и дремеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потпрени врз стаповите, повеќе мижеа отколку што гледаа и чекаа да фрли дедо господ некое облаче пред жешкото сонце, да им ја облажи жештината и да ја олесни положбата во која се наоѓаат на припекот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Конакот веќе и мижејќи можеше да го најде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не, тој така ја држеше раката и мижеше со едното око зашто така му изгледаше дека гулабите летаат пред неговата рака а тој ги турка напред.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Тука сме! - живна Долгиот. Арсо мижеше и врз свиените клепки му напираше белина што, како да навлегуваше во неговото капнато од умор тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа се разлева во него и тој се нурка во неа и му е неподносливо повеќе да мижи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бргу се спушта на колена и мижејќи се вовлекува под креветот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Е? - го праша Србин мижејќи. - Ништо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На Србина чиниш цело време му се спие. Седеше со рацете меѓу нозете собрани со колената до стомакот, со капата над очи и мижеше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Замислен, мижејќи, ја посматра благородната насмевка на жената која бавно се доближува носејќи две шољи чај.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
„При царцката живот и сила немало кој да кренит рака на мене", а вие спремате и на самиот падишах да кревате рака; Мижи Асан — да ти бајам, правите вие работа, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
26. ГЛЕДАЈ ДА ТИ БААМ, МИЖИ ДА ТЕ ЛАЖАМ - со таква крпа на очи кој светот го лови?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тие вртат со главите. - Мижи да те лажам, велат, за ова се стрела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- И да мижам, Јоне, ќе вели, срамот не ми заспива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Па ти мижи, ќе ѝ велам јас, ако ти е срам, мижи, ќе ѝ велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мижам и... боже, колку пати така ми дошло.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе