мисли (несв.)

А трети мислат дека сам Бог ги создал буквите.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Мислил што да учини, да се куртулиса от тој плен.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
А старецот си излезе, оддалечи, мислејќи, за кого да ја мажи друг. Ој, кутриот?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Така си мислел Силјан и си патувал по патчето што го нашол.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Думал, мислел Силјан, како да прави, дали да им се јави, дали назад да се врати.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дури си мислел така Силјан, сам беше го оставиле во една одаја луѓето, чунки ошле да ги наранат имањето.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се мисли на „големите држави“, „големите сили“ во тоа време. 48.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако мислат така, многу се лажат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
20. Се мисли на Руско-турската војна од 1877-1878 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нека ги ѓаволот однесе! Веќе не мислам на нив…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Кај тој трговец забележуваме подлабоко, „помарксистичко“ разбирање на тоа што е империјализмот одошто кај еден неприличен писател кого го сметаат за основач на рускиот марксизам (22) и кој мисли дека империјализмот е лошо својство на еден од народите…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Мислиме на паразитизмот својствен за империјализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Но би било погрешно да се мисли дека монополите не никнуваат и во другите индустриски гранки, во кои приграбувањето на изворите на суровини е неможно.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
СТОЈАН: (Крева барде со вода, а мисли на вино). Аирлија нека е, што работевме! ЗАФИР: Не ти оди благословот со вода...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не мисли на лошо, побратиме. Ништо не е тоа. Ќе помине!... (Излегува).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Јас мислев дека го имаш како моево!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Зашто... (Се мисли.) Ми текна нешто, да простиш, Спиро, како на трудна жена: ми се пријаде месо со компири...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЕФКА: Море, Томче, не слушај ја ти неа: едно мисли, друго зборува. Од мака, многу е сакалдисана.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Реков бре, брате, ќе се подрасправи додека каснеме и дојде за излегување, а тоа и не мисли да престане. Си нареди цела педа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пак ако не е среќа... А мислам дека не сме толку несреќни...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Повеќе