мртов (прид.)

За тажење, досега нигде неслушнато, Неда најпрво знакот го даде; И расплете коси, над мртвото затажи чедо. ..
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со почит, пред телото мртво Кузманово, рака Гегите кренаа веднаш.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тупаници стиснаа силно; пред мртвиот вака клетва изрекоа една: - „Се колнам јас, јунаку, никогаш мајката твоја да не ја нажали Гега.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ја искам сенка, ја искам прохлада, Душевна ја искам тишина, Че клето ми срце доста вече страда, И сја нагледа вцекаква злина: Коварство сос бедност, сос гордост лукавство, Сон мртов, глупава простота, Љубов на слова, и слога без братство, И хитрост, лâжлива доброта.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
До еден со доблест станаа жртви на храбриот Дичо четниците горди; и ранети тука, па дури и мртви, насилија трпат од турските орди.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Тој не бега, негде збор да не се чуе што бомбашот страшен исплашено бега, за надежта млада безразлично му е, не се плаши мртов да падне тој сега.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Наместо жива врска меѓу периодите на империјалистички мир и периодите на империјалистички војни, Кауцки им сервира на работниците мртва апстракција, за да ги помири со нивните мртви водачи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ако пак зборуваме за „чисто економските“ услови на епохата на финансискиот капитал како за историски конкретна епоха која се однесува на почетокот на XX век, најдобар одговор на мртвите апстракции на „ултраимперијализмот“ (кои служат исклучиво за реакционерна цел: одвлекување на вниманието од длабочината на постојните противречности) е да им се противстави на тие апстракции конкретната економска стварност на современото светско стопанство.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Одев со глава замаен наведнат, мртов, зачмаен, одев со грутка на срце и каракамен на гради.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Таа е и тоа и нешто спротивно, но не нешто спротивно „однадвор“, не како проста и мртва негова разлика, туку како негова жива спротивна страна, појава, особеност, суштина, итн., којашто и го обусловува.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Шумоли - в срце тага налева за црноземните робја, шумоли скришно за мртви поља за села и градови - гробја.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Мртви и темни сурови гламњи скршена гранка маслинка!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Појдовме кон градот задоволувајќи се со мали пакости: на кепецот костенџија му ја изгаснавме карбитената ламба, во отворениот прозорец на писарот и бабицата фрливме мртво глувче, на еден поп му рековме баксуз.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И така со ред, со клетви и пцости во живи, во мртви, во мајки, во жени, ги убедуваа прилепските трговци селаните и си живееја добар животец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утредента селаните го најдоа мртвото тело на арамијата, а неговиот бес што умира беспомошно го видоа во јатаганот: во претсмртниот час успеал да го закопа дополу во меката земја на ливадата на Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Та како да и го земат на жената последниот поздрав од мажот којшто не се врати ни жив ни мртов.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Она понекогаш на мртво дрво личи кај случајно ќе слетаат птиците иселени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Гледај го црвеното око на мртвиот бик и читај ја во изгаснатата зеница песната на мојата крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чекај да скокнам, белки господ затоа ми ги свртел очите на таа страна. Те донесов, право е - чинев, мртов си.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ли еднаш ќе се сврши Ноќва без шум и звук на ѕвона (Таа е шкољка сета сонна и нема нуркач да ја скрши) Ти црна ѕвездо зошто трепкаш колосана со мртва смеа (Ги срони сонот сите клепки и еве пак сум сам пред неа)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе