муренка (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
        
      
    
    
    
      „Свето проклето“
         од Јован  Стрезовски 
        (1978)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          На Пабло Неруда    тагата навистина нема рок на траење:  под белата муренка на црниот остров  им ги пребројуваме брчките на морските далги  и го одгатнуваме молчењето на ѕвездите.
        
      
    
    
    
      „Кревалка“
         од Ристо Лазаров 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Од највисоката гранка на белата муренка  црната птица уште еднаш ги пребројува  мртвите тела кои пловат по маночо  и живите рани обложени со вистински воздишки.
        
      
    
    
    
      „Кревалка“
         од Ристо Лазаров 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
      
        
          
          
        
        
              
          Уште е отворено прашањето  дали ветрот има сенка  и до кога ќе трае пирот на ветрогоните  и бездушното гмечење на плодовите  на сите муренки во светот.   на кората на стеблото на белата муренка  е втиснато ракувањето со иднината:  бело пиле со црвено перче  од највисоката гранка на белата муренка  севезден пее за мугра ведра на исла негра.
        
      
    
    
    
      „Кревалка“
         од Ристо Лазаров 
        (2011)
        
        
    
    
   
   
         
	        