надвиснат (прид.)
И насетувавме дека тоа е во некаква тајна врска со чудната болест на ќерката негова, која веќе со години (поради надвиснатото проклетство над нашето царство и над кобната одаја со едно нерастајнето слово во неа) лежеше болна од болест чудна, непозната, и искина толку постели колку што имаме години.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бурата беше уште поблиску. Темните облаци од блиската планина, беа надвиснати над истекот на реката.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во занесот го гледам само модриот прстен од левата рака на продавачот, ги слушам магичните зборови и час пропаѓам или се кревам, час бладам или потпевнувам, обидувајќи се, притоа да им посочам на моите на петелот „Чуварот на сонот“ кој се така бдее и пее надвиснат над мене, и ако заклан.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во килавата мугра, Гита Корец гледа кон народните населби и ја чувствува, особено во вакви ледни мугри во кои на небото сенишно се пробиваат првите зраци, неизвесната судбина надвисната над градот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Полицијата ја наоѓала како лежи на некоја клупа, како седи потпрена на некое дрво, како стои надвисната на оградата на некој мост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И јас секогаш кога ќе го слушнам зборот Кујна, ја гледам мојата нана надвисната над шпоретот во кујната како размислува дали да му свари едно јајце на дедо ми за ручек или да не го прави тоа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Низ полуотворените врати се гледаа шишињата со инфузија надвиснати над болничките кревети.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)