надига (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ко што се бура надига,  чајките кога прелетат,  така се млади надигат  за свое свето огниште.
        
      
    
    
    
      „Робии“
         од Венко Марковски 
        (1942)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ха-ха-ха! ... Некаде насреде од чудовиштето зина огромна челуст, водата закипе, се запени и Мече усети дека расте, се надига над него бескраен воден свод.
        
      
    
    
    
      „Бегалци“
         од Јован Бошковски 
        (1949)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сигурно слават си рече и почувствува како му се надига нешто од градите и го дави во грлото.
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Маслините во канти     по патот, олеандри,     крај морето етер со задсмртен пој се надига чекан над птицата- вампир никогаш, Солун, никогаш твој     во срцето кол, на земјата патник. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 130
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 32-33“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Зошто понекогаш езерото се проѕева ширум
   божем е бел тигар, бела мечка
   се надига како квасец подготвен
   за најголемиот леб на светот
   (ти викаш светот не е само она кое се гледа
   од оваа страна на видиковата линија
   и сѐ повеќе ти верувам!)?
        
      
    
    
    
      „Ерато“
         од Катица Ќулавкова 
        (2008)
        
        
    
    
   
   
         
	        