налутен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Налутен, Мече се сврте со грб накај него, обидувајќи се безуспешно да заспие.
        
      
    
    
    
      „Бегалци“
         од Јован Бошковски 
        (1949)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - ... Ги префрливме. Сега нека дојдат да ни вршат попис, налутено, со некакво заплашување во грубиот глас, расправа стариот.
        
      
    
    
    
      „Улица“
         од Славко Јаневски 
        (1951)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Идиот, ќе нѐ чујат, низ заби писна налутениот Пенчо, ноздрите му беа змејски раширени, но всушност личеше на згрчена птица.
        
      
    
    
    
      „Улица“
         од Славко Јаневски 
        (1951)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мартин, налутен, си отиде заканувајќи се:  - Ќе види тој!
        
      
    
    
    
      „Луман арамијата“
         од Мето Јовановски 
        (1954)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Луман, налутен, го удри Мирчета со нога уште еднаш и рече:  - Да запаметите како не се давало на Лумана арамијата...
        
      
    
    
    
      „Луман арамијата“
         од Мето Јовановски 
        (1954)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Па да не му вариме манџа, - налутено извика некое од нив.
        
      
    
    
    
      „Луман арамијата“
         од Мето Јовановски 
        (1954)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Ама не, бабо, какви овчари? се буни момчето и, божем налутено, го мести реденикот; потоа се присетува и ги открива ретките, бели заби:  - Прашуваш ли за Овчаровиот баталјон?
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А кога Андон ги истурка сам парите на подот, по кој се колчеа пејачките, Филе не се здржа:  - Мм... Шутрак...- промрмори налутено и нареди да се угасат ламбите.
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Не ми требаат твоите шеги! - му рече остро и налутено Веле и додаде уште поналутено: - Разбра ли?
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Смрштен, директорот нервозно се заниша и направи налутено движење, да ја ослободи раката стегната од дајреџијата. Но не можеше.
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тие покажаа кон соседната маса, кон налутениот кавалер на сувата блондина облечено тврдо и круто како во картон.  „Знам“, се сети и се наведна. „Ништо полесно отколку да се опцуе еден мртовец.“
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Рече налутено:  - Сум убил! Патрокле се тргна и го прекрши гласот:  - Џемал-ага не можеш да го надминеш...
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Насекаде беше само снег. А Змејко ни кај себеси не го поднесуваше тоа обѕрнување; уште веднаш налутено зачекори напред.
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Но со „каратине“ нешто не е во ред: налутено, разбеснето и подивено јурат по сокаците и бркаат сѐ што ќе сретнат.
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Прислужникот чичко Петре мораше да влетува меѓу нас и со стапот да прави редици, викајќи налутено. - В тил! В тил, прлиња!
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Креснува ништо остро и налутено. Веројатно нѐ прашува:  - Каде?
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Но сонцето, кое од небото гледаше што се случи со стариот даб, налутено рече:  - Штом не сакаш да пееш и не ги почитуваш старите, не ти давам да им се радуваш на моите зраци! - и се скри зад еден облак.
        
      
    
    
    
      „Билјана“
         од Глигор Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Оди си! - налутено го пречека и поточето. - Ти си лошо славејче.
        
      
    
    
    
      „Билјана“
         од Глигор Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Налутено се сврте од нив и местејќи си ја својата матарка на појасот, продолжи сѐ така со навреден израз.
        
      
    
    
    
      „Будалетинки“
         од Мето Јовановски 
        (1973)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Скрши глава - промрморе Бојан, налутен на ветрот кој му го матеше убавото расположение.
        
      
    
    
    
      „Бојан“
         од Глигор Поповски 
        (1973)