настега св.

настега (св.)

Тој по малку требаше да си замине кон селото, кон дома, и сега му го оставаше на ова свое срнче сето сено, што го имаа тука, а за вода му донесе од пред вратата големи грутки снег и ги стави во сите садови што ги имаа тука; сите нив добро ги настега со снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вели: „За криви колца не треба прав пат“ , велеше Лазор Ночески и ние, седевме ден-два ебали го, може и повеќе да седевме во Варна и после нѐ собраа меѓу пушки со штикови и нѐ водат на воз, а Стеван Докуз уште пред вагонот почна да кука, спомнува жена, деца, куќа, јас го тргам за ракав, да молчи оти со кукањето може да помислат дека вистина нешто криеме и за која странска сила го криеме, и Стеван Докуз ќе се штрекне на тоа, ама пак ќе заборави и пак ќе закука и јас ќе го држам за рака, ќе го шибам в слабина, ќе го штипам и тој пак ќе замолчи и нѐ товараат во еден вагон за добиток ли, за пошта ли, за жито ли, нѐ пикнаа во вагонот, нѐ настегаа в шише и ајде за Софија
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Остана таму, го заборавија човекот кога ги разотворија вагоните, како да ги збриша некоја разулавена ветрушка и ги настега во нив, замижувајќи им ги очите, затапувајќи им ги главите и така, возот свирна, исписка, како со човечки глас да се огласи и веќе никој не можеше да го запре.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ние тројцата (имаше ли и четврт, Васил?) настегани во прозорецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Боге ја погледна зачудено, не Кате туку марамата, па ѝ ја грабна од рацете како само уште неа да ја барал; но, додека ја пикаше во торбата, настегајќи ја со колено пред да ѝ пукне патентот, почна да се смее - прво придушено, потоа сѐ погласно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- И ти да ми го извадиш ластикот од гаќичките и од него да си настегнеш праќа, па да ме заборавиш мене и да тепаш врапчиња? - О, никако!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)