натокми (св.)
Се натокми Илко како младоженец.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога доктор Пачев влезе повторно во мојата соба можеби за да натокми уште некој податок во врска со исчезнувањето на Пеперутката, за малку да се изнасмеам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А кога ја заврши тирадата мене ми се обеси на вратот и им довикна на неканетите туѓинци во нивниот извештај да натокмат дека ваков акт на интимност не водела таа само со еден туку со двајца.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ќе се натокмеше топтан цела фамилија за да ги сподели секирациите на овие богати Американци.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Можеш да го насликаш со зелена боја и многу сонце а кога ќе поверуваш дека си го натокмил со сите сличности и дека си го сместил токму онаму каде што припаѓа ќе затрепери неговата набрекната белузлава гуша а главата невешто ќе се искриви голтајќи го лакомо златестиот меур сончевина.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Поезијата не живее од задоволствата што ти ѝ ги приреди Или од оној разбушавен април натокмен да ја заведе
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)