најобичен прид.

најобичен (прид.)

Може да биде шаховска па дури и билјард маса. Но сега е најобична зелена пинг-понг маса.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Одеднаш, се фаќа во најобична самоизмама: па тој ги повторува заправо некои од веќе проследените варијанти, мислејќи оти се движи напред тогаш кога се врти само во круг.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вероника умее да пее за секоја најмала ситница, за секој најобичен детал од животот, дури и за оние најдосадни мигови во кои е вплеткана работејќи една чисто техничка работа.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)