никне (св.)
Таму нашите каурски царови извадиле голема војска да се бие со Турчинот, но како рекол господ да ја загубиме царштината, од сите парчиња на кои бивале раздробувани Турците никнувале нови Турци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Влијанието на концентрацијата врз никнувањето на монополот во крупната индустрија овде се покажува со кристална јасност.“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Таму каде што може да се приграбат во свои раце или главните извори на суровини, никнувањето на картелите и образувањето на монополите е особено лесно.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Но би било погрешно да се мисли дека монополите не никнуваат и во другите индустриски гранки, во кои приграбувањето на изворите на суровини е неможно.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Однекаде никна Пенчо. газеше со целите стапалки на оној негов познат војнички начин.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од исток во широчината безизразно гледаат со матни, напукнати или со весник излепени прозорци, низа збиени и од земја никнати куќарки; на запад - гнил, накривен плот зад кој се наѕира темно- црвен оџак; од југ - слеп ѕид на него чуден цртеж со креда; голем круг со две дебели бели точки, под нив водорамна црта.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пред очите ѝ никна она малото Крле попово, на кое му даваше тиква, кора и јајца заедно со нејзините деца и ѝ излегоа пред паметта сите стари планови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Речиси со пирејска жилавост никнуваа од пукнатините на усвитениот асфалт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Никнува во еден крај што јачи и нема по образите тече.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Забележа: тој што никна од стеблата и самиот прав и необичен како стебло, гледаше во се со исти очи - и во кепеците и во нејзината осина половина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Мирисот за земјата од која никна го довлече од туѓина со куп безвредни признаници на своите должници, се врати сиромав како што отиде, стар, болен и преплашен од животот, до крај нејасен за луѓето со кои се сретнуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Никнувањето на првото запче беше голем домашен настан во куќата на Никола.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Одело девојчето и плачело. Тешко, претешко му било. Каде ќе капнела солза, никнувало жолто, нежно цветче.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Во една дамнешна пролет, во ист ден, на чекор два едно од друго, никнаа две јаворчиња.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Отаде, на фронтот пред нив, каде што татнеа топовите, хоризонтот беше затемнет од некои думани во кои по секој пукот од земјата никнуваше ново темничиште. Наместа од земјата избиваше оган.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ич гајле немам, и нови заби почнаа да ми никнуваат.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кајмакамот, муљазимот и бимбашијата долго го коментираа случајот со конзулот и се чудеа откаде никна тој човек уште в зори, кој можеше да го извести и најпосле се загрижија од мислата: „аџаба навистина италијанскиот конзул беше тој господин?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
36. ЖЕНА МЛАДА, А ВИНО СТАРО ДА СИ ЗЕМЕШ - е, тогаш од небото ѕвездите ко крушки се берат и по земјата се расфрлаат како плодородно семе за да никнат неволи по возраст што не се мерат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
И глеј – навратија тука дечиња и нивните гласови како жолти, бели, небесни цветови утрото никнаа низ полето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)