облекло (ср.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          За Охрид, столица духовна,  За тепла вера тогашна,  Как с народна дума, безрешна,  Климент счавјанска молитва,  Божјо предаваше слово,  Во Охрид, во стара црква  Сос облекло Кирилово.
        
      
    
    
    
      „Пeсни“
         од Рајко Жинзифов 
        (1863)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А кога измина сиот тој пламен, оставајќи по себе миризба на испрелена волна од неговото облекло и искрички, што шетаат по изгорените лисја гаснејќи, тој можеше да открие дека пламенот беше го зафатил скришум од него целиот пар, на кого беше запален, и сега веќе требаше многу мака за да го задржи во рацете сето тоа затлеано, трпеливо горење.
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
   
   
         
	        