оброчиште (ср.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Вришти крвта  Коската се расчинува  Низ оброчишта пустоши некаков крај...  . . .
        
      
    
    
    
      „Камена“
         од Анте Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Некои урнатини, обраснато камење, оброчиште  и еден темен напев што се издига во залезот:  три жолти цветови, наведнати над каменот,  секое нивно потреперување – некој потаен збор,  се нишаат и се молат во летниот припек.
        
      
    
    
    
      „Ненасловена“
         од Анте Поповски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И пак и одново му се присторува дека некој таинствен глас на разумот, совеста и осудата допира до него некаде од срцевината на дебелите и многувековни дабови што растат на оброчиштето одспротива и го прашува: ЗОШТО!
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)
        
        
    
    
   
   
         
	        