овоплоти св.

овоплоти (св.)

И имено тоа овоплотување на грчкиот презир кон нас и е причината да се викаме „Бугари”, а не историските традиции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Грците ја уништија Охридската архиепископија затоа што се спомнуваше името „бугарска”, како историски reliquium, но го употребуваа името Бугарин за да го овоплотат во него својот презир кон сѐ словенско.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Литературата на времето на смртта го овоплоти единството на „трупот како Севишен” и „секојдневната беда”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Музиката на јазикот со лукав одзвук на лунатик како мицелиум ќе капне под листовите ќе се овоплоти од Бакхус, Дионис и Бес ќе земе што мора - смисла за уживање, искушение трагизам ген за ритам, стих и мистицизам и ќе стане врашки убава, само-битна Луна! 4.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Множење со нула Не ме фаќа место, не сум овде во оваа одломка престорена во космос блудам и во отсутност преминувам « тегоба во тегоба » сѐ додека зборот не исчезне и тој ли осуетен, сетен анаграм сѐ додека повторно не се овоплоти - помалку алегорично, повеќе пародично - и не нѐ потсети дека меѓу двата света освен двата постои некој трет за некој друг не за нас за минус еден за минус два за минус сѐ додека не остане и не стане сѐ прааззззннноооо ОО 00 оо
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од тоа не следи, меѓутоа дека Константин Кавафис (29.04.1868 - 29.04.1933) обожавател на трагичното во широка смисла на зборот е „историски поет“, како што самиот изјавил туку поет кој вдахнува и овоплотува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)