опаку (прил.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Го удри еднаш некаде по главата со раката замавта одопаку, го пречека на другата страна, Мирче падна на земја, а Луман тогаш, во мракот, не гледајќи каде и како, му зареди удари со нозе.
        
      
    
    
    
      „Луман арамијата“
         од Мето Јовановски 
        (1954)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Малечкото огледалце обесено на шајка од десната страна на пенџерата го има  превртено опаку за да не може да ѝ го враќа преправеното кадро,  а ни природните огледалца од барите не ги оставаше да ја примат и да ја повратат, туку веднаш со чевелот или  со стапот ги растураше.
        
      
    
    
    
      „Исчезнување“
         од Ташко Георгиевски 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Оти десна рака на левата страна е полоша од лева на свое место: сѐ опаку пофаќа и опаки дејанија чини.
        
      
    
    
    
      „Папокот на светот“
         од Венко Андоновски 
        (2000)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Откако изодев малку по патот, се погледнав и видов дека тие делови од опинците што требаа да бидат оздола, се свртеле опаку, а бидејќи отпрвин се движевме по тревата која беше искосена, немав многу шанси да задремам зашто боцкаше.
        
      
    
    
    
      „Три жени во три слики“
         од Ленче Милошевска 
        (2000)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Смирува тоа, о бедни, кога подредуваш нешто што опаку е поставено, неприродно, од безредие ред кога сочинуваш.
        
      
    
    
    
      „Папокот на светот“
         од Венко Андоновски 
        (2000)
        
        
    
    
   
   
         
	        