открие св.
откриен прид.

открие (св.)

Нема место што не е осветлено од неговата блажена душа, оти на сите народи скриените тајни им ги откри разумно исповедајќи, на едни со писмо, на други со поука.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Билансите на многу акционерски друштва прилегаат на оние од средниот век познати палимпсести, на кои најнапред требаше да се избрише напишаното за под тоа да се откријат знаците што ја даваат вистинската содржина на ракописот“ (палимпсести – пергамент на кој основниот ракопис е избришан и врз избришаниот е напишан друг текст).
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Најголем успех постига не трговецот кој врз основа на своето техничко и трговско искуство најдобро ги разбира потребите на купувачите, кој умее да го најде и, така да се каже, да го „открие“ бараното, што се наоѓа сѐ уште во скриена состојба, туку шпекулативниот гениј (?!), кој умее однапред да пресмета или барем однапред да го почувствува организациониот развиток, можноста за извесни врски помеѓу одделните претпријатија и банките…“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Извлекување од постојните противречности, заборавање на најважните од нив наместо откривање на сета длабочина на противречностите – тоа е теоријата на Кауцки, која нема ништо општо со марксизмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Причината за развитокот и движењето на категориите па „светскиот разум“ тој никогаш не ја барал надвор од нив, туку ја откривал во самите нив.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Беше, значи, голема заслуга на Хегел што ги откри тие закони, со помошта на кои може да се знае „како, во кои услови и на кој начин две спротивни ствари стануваат идентични, се развиваат и меѓусебно се обусловуваат“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Тоа да го знаеме, но не веќе апстрактно, не само во чисти категории, поими, идеи, туку во поими што се одраз на една материјална реалност, што се одразени идејни слики на светот и општеството, значи да откриеме како и на кој начин можеме и мораме да станеме „субјективни“ делови на објективната стварност, реални фактори во појавите, општеството, политиката, науката, идеологијата, уметноста итн.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
А еве што се одиграваше во душата на малиот водоносец: После вечерниот разговор со старецот и сонот што го сони ноќта, во него како да се скрши нешто, одеднаш му се откри пред очите што станува околу него и каков подвиг означува борбата со блатото – она подводно чудовиште што го виде на сон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во погледот можеше да му се прочита дека не му е право што му е откриено врталиште од друг – туѓ и непознат другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Паљо ги откри зајачките заби под белата усна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трепетливите ковчести прсти му се смирија, лицето му се развлече во сонлива насмевка: мустаќите му се поткренаа малку и ги открија двата заба во модрината на устата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѕвездата му се гаснеше. Ми личеше на скршена порцеланска фигура на оној Пенчо, што го познавав, му завидував и се одушевував од него, пукна пред мене и ја откри својата празнотија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како нарачана оздола се зададе брачеда му Тода — Маловата помала невеста, на која Рожденката беше ѝ го открила пропаднатиот план и со која Неда многу добро се спријатели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами сте чуле ли, мори слепелници? — праша Димана Шојкарова, небарем којзнае каква новина открива.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш тој рашири насмевка на црното лице и се откри низа убави бели заби.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Само умирав со напор барајќи ги во втората Марија твоите добрини и оживував за нови напори откривајќи во таа Марија само Марија, обична Марија. И една Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Умеам да размислувам и да откривам излез и од натешката ситуација. Бар до тој ден умеев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ќе го најде некое дете, ќе открие во него нов свет и ќе се израдува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе