очаен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Најпосле најдолните, најочаените органи на српската пропаганда, родум Македонци, пак се полезни за Македонија: од нив се образува класа од недоволни од српската пропаганда за коишто нема пат кон Бугарите; тие ќе ја зголемат класата од националните сепаратисти.
        
      
    
    
    
      „За македонцките работи“
         од Крсте Петков Мисирков 
        (1903)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Борбата беше и е очајна.
        
      
    
    
    
      „За македонцките работи“
         од Крсте Петков Мисирков 
        (1903)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Колку во поскоро време еден народ го изменува својот јазик, толку поопасна и очајна е неговата положба.
        
      
    
    
    
      „За македонцките работи“
         од Крсте Петков Мисирков 
        (1903)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А една лира имаа. - Кај да бараме уште две? – рече таткото очаен.
        
      
    
    
    
      „Луман арамијата“
         од Мето Јовановски 
        (1954)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се заниша и очаено побара стебло да се потпре.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Помина во очаеност и хистерична нервоза, дури еден ден не ја најдоа под пенџерето здробена.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          На сите лица се покажа загриженост и очаеност.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пред шест години неговиот професор ја затече својата жена со еден маж пожарникар - млад русокос вол и со оперетска насмевка, ја затече гола како вистина и побеле за неколку ноќи. После, по една очаена решеност на полулуд човек, му го испираа отруениот стомак и се бореа во болница да го спасат; студентите се чудеа: ако е веќе курва зошто ја остави.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не, не!... Очајно затресе со главата Аргир.
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Жената се тргнува, сфаќа. Очајна е, знае: Тешко може да го одврати кога намисли тој нешто да направи.
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Што ќе правиме сега? - очајно ги закрши прстите мајката.
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не сакаше да признае додека го слушаше брчењето на комарците: Јана не беше како сите други, дури како и онаа Марија, неговата последна љубов, нејзината младост сѐ повеќе го жежеше и го фрлаше во очаена осаменост.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тоа го знам и би сакал уште да знам - кога можам да заминам кон чистилиштето на една планина како економ.“  Се потпиша и го здипли писмото со невешт искинат ракопис, по малку очаен зарад својата искреност, овој пат без капка цинизам, но и зачуден дека човековата биографија може да се набие в кожура како неколку зрнца ситен и безначаен барут.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Отпрвин, тој ја гледа во очите и потоа немоќно почнува да ја гали. Има нешто безмерно очајно и тажно во тоа негово преплашено галење.) 
        
      
    
    
    
      „Црнила“
         од Коле Чашуле 
        (1960)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во Арсо се отвораше празнина и сам се гледаше во неа, очаен и заборавен.
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Пополека му се вселуваше очаеност, слабост ги зафаќаше зглобовите и целата снага.
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Озгора стануваа двајцата нестрпливи. Долгиот возбудено викаше:  - Стегни го јажето ... околу половината, не маткај се! ... Иде некој! Долгиот очајно опцу.
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Зоки шепоти очаено во себе: „Штрк, жирафа, мечка, слон, лисица...“
        
      
    
    
    
      „Зоки Поки“
         од Оливера Николова 
        (1963)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Ова е беда, вистинска беда! - шепотеше очаен.
        
      
    
    
    
      „Билјана“
         од Глигор Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Посилниот очајно одмавна со рака:  - Не ти, туку Бугарин.
        
      
    
    
    
      „Будалетинки“
         од Мето Јовановски 
        (1973)